19.05.2017 - Меѓународна конференција за применети науки

Лошата урбанизација и собраќајната инфраструктура која не го прати зголемувањето на популацијата во урбаните средини и нивниот развој, се едни од главните причини за аерозагадувањето на воздухот во Скопје и Тетово, сметаат учесниците на конференцијата на Применети науки, која се одржа на Тетовскиот универзитет. Универзитетскиот професор Миле Димитриески, вели дека досегашните мерки за намалување на аерозагадувањето немале никакви ефекти, затоа што биле краткорочни и популистички.

Професорот Вулнет Палоши, смета дека за неколку децении населението во Тетово е двојно зголемено а градот урбано се проширил за повеќа пати. Но развојот на Тетово не се одвива според стандарди. Се носат парцијални урбанистички решенија, кои го загушуваат и онака загадениот град, вели Палоши.

Дел од учесниците, забележија дека и новите градби во Тетово, кои што се дел од парцијалните урбанистички планови, не ги исполнуваат законските нормативи.

И деновиве аерозагадувањето во Тетово, ги надмина максималните дозволени граници .

 
     


 
 
27.05.2017 - Средношколците од последната четвра година на образование денес започнуваат со полагање на државна матура

27.05.2017 - Голем број ученици од Тетовскиот регион учествуваа на математичкиот натпревар Кенгур 2017 година

26.05.2017 - Семејно насилство пријавила жителка на Требош

25.05.2017 - Државните училишта од Тетово имаат можност да се пријават за учество на Натпревар на дигитални училишта

24.05.2017 - Соборниот храм "Св.Св. Кирил и Методиј" во Тетово денес го одбележа патрониот празник

23.05.2017 - Две сообраќајки во тетовско

23.05.2017 - Полициски билтен

23.05.2017 - Од денес до 26 мај во Тетово ќе се одржи 6. издание на филмскиот фестивал "Вач аут"

22.05.2017 - Празникот Свети Никола летен, традиционално се празнуваше во црквата Свети Никола во Жилче

20.05.2017 - Празникот Свети Никола Летен ќе се одбележи во Жилче

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.