12.07.2017 - Полициски билтен на СВР Тетово

Фатени албански државјани со црна најлонски вреќи со непозната тревлива материја најверојатно марихуана тешки 3ипол килограми. Според билтенот на СВР Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера околу 16 часот и 20 минути на улица „113“ во Тетово ги лишиле од слобода 24-годишниот А.У и 34-годишниот Ф.Г, двајцата албански државјани од Кукс. Албанските државјани со себе носеле по една црна најлонска вреќа со непозната тревлива материја, најверојатно марихуана и штом ги забележале полициските службеници, веднаш ги фрлиле вреќите и почнале да бегаат.Едниот од нив, меѓутоа брзо бил фатен, додека вториот продолжил со бегање и се оглушил на наредбите на полициските службеници, поради што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух. За кусо време и тој бил стигнат на улица „108“, пружил активен отпор, но ефикасно е совладан и внесен во службеното полициско возило, информира СВР Тетово.
Извршен е увид, двете вреќи со околу 3 и пол килограми тревлива материја се фотодокументирани и одземени за вештачење. Двајцата албански државјани задржани се во Полициската станица Тетово и во координација со јавен обвинител, во текот на денов со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Дел од полицискиот билтен денеска е И кражба случена во куќа во село Беловиште. Имено истата ја пријавил Четириесет и едногодишниот Ј.Б. од тетовско Старо Село, вчера според чии кажувања во изминатите две недели во куќа во Беловиште, во која не живеел никој, а за која тој се грижел, извршена е тешка кражба. Засега непознати сторители насилно го отвориле прозорецот во приземјето, влегле внатре и одзеле: машина за перење, комплетна санитарија од бањата ( чешми, ВЦ-шоља и друго ), кујнски мебел, гарнитура за седење, а од паркираниот трактор во дворот извадиле и одзеле повеќе делови.Со одземеното, незабележани од никого, заминале .

СВР Тетово информира и за сообраќајна незгода случена на регионалниот пат Волковија-Тетово, во близина на сепарацијата во Волковија, вчера околу 16 часот . Во неа мотоцикл „Априлија“ со тетовски регистерски таблички, што без дозвола го управувал 16-годишен малолетник од Тетово, загубил контрола и излетал од коловоз. Од излетувањето, мотоциклистот задобил телесни повреди, со медицинско возило пренесен е во гостиварската болница и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување.
Извршен е увид, причина за излетувањето е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење.
Вчеравечер околу 19 часот и 30 минути, на локалниот пат Горно Седларце-Камењане, патничко возило „Фиат чинквеченто“ со тетовски таблици, управувано од 25-годишниот М.М. од Боговиње, загубило контрола и излетало од коловоз. Со задобиени телесни повреди, возачот со друго возило пренесен е во тетовската клиничка болница, укажана му е лекарска помош и пуштен е дома.
По извршениот увид се расветлуваат сите поединости поврзани со оваа сообраќајна несреќа, во која вкупната материјална штета се проценува на 60 илајди денари.

Соња Стрезовски



 
     


 
 
20.09.2017 - Tешка кражба во автомобил

19.09.2017 - Не постои магична формула од превенција со трогија со луѓе, но клучот е во информираноста, сметаат од невладината организација Отворена Порта.

19.09.2017 - Во центарот за култура во Тетово ќе се прикажат два филма кои се дел од Францускиот филмски фестивал

19.09.2017 - Полицијата информира дека е приведено тетовец кој се барал за издржување на тригодишна затворска казна

18.09.2017 - Одбележани значајни настани од историското минато во Музејот на тетовскиот крај

18.09.2017 - Три сообраќајки со 8 повредени лица во тетовско

18.09.2017 - Викендов се одиграа редовните првенствени кола во Првата и Втората фудбалска лига

18.09.2017 - 10-тина интервенции на тетовските и гостиварските пожарникари во текот на вчедрашниот ден

17.09.2017 - Во мавровското село Беличица одбележани 72 години од трагичните настани во кои беа убиени борци од третиот тетовски партизански одред и жители на селото

16.09.2017 - Концерт во Тетово на етно составот "Езерки" од Хрватска

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.