14.07.2017 - 17-годишна гостиварка, пешак, повредена во сообраќајка во Тетово, случена поради неприлагодена брзина

Во сообраќајна незгода повредена 17-годишна гостиварка. Незгодата се случила вчера попладне на булеварот Илинденска во Тетово и вон еа учестувале патнички возило БМВ Х6 што го управувало засега непознато лице и 17-годишната девојка, пешак. Повредената гостиварка со друго возило пренесена е во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштена е на домашно лекување. По извршениот увид се работи на пронаоѓање на возилото и возачот-учесник во несреќата, а причина за истата е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење.

Во првите шест месеци од оваа година, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово откриени се вкупно 10.791 сообраќаен прекршок, од кои 5787 во Тетово и 5004 во Гостивар. Или споредено со истиот период лани, бројот на откриените прекршоци е намален за 446.

Најчести прекршоци во периодот за кој станува збор се: управување без возачка дозвола-1116, нерегистрирани возила-1035, техничка неисправност на возилата-382, непочитување сообраќајни знаци -192, пребрзо возење -173, неправилна употреба на светла и светлосни уреди-19 и така натаму.

Од 1116-те прекршоци ( управување без дозвола ), 616 биле регистрирани на тетовското и 500 на гостиварското подрачје, каде продолжува појавата да се вози без претходно положен возачки испит и валидна дозвола.

Констатираните прекршоци во овој период, санкционирани се со 5921 мандатен, 3202 прекршочни платни налози и со исклучување од сообраќај на 602 возила и 1092 возачи, како и со времено одземање на 48 возачки дозволи.

Покрај ова, изготвени и поднесени се и 3987 барања за понедување на прекршочна постапка по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.



 
     


 
 
20.06.2018 - Тетовската полиција затекнала две лица кои се приведени поради сомневање за нелегална сеча на дрва

20.06.2018 - Тетовските пожарникари подготвени да се справат со предизвиците кои ги наметнува летниот период

19.06.2018 - Приведен дваесет и тригодишник од Порој, кој претходно бил баран со потерница

19.06.2018 - Од денес во Тетово се одржува седмото издание на филмскиот фестивал "Вач аут"

18.06.2018 - In memoriam Почина проф. д-р Вулнет Палоши

18.06.2018 - Денес е првиот ден од првиот уписен рок во средните училишта

18.06.2018 - Двајца моторциклисти од Словенија повредени во сообраќајка кај Кичево

18.06.2018 - Брвеница вчера беше домаќин на Вторите Фолклорни смотри Брвеница игра и пее 2018

17.06.2018 - Сообраќајна несреќа со едно повредено лице

16.06.2018 - Три девојки од Македонија ќе учествуваат на Изборот на косовска девојка, што ќе се одржи на 26 јуни во Грачаница

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.