14.07.2017 - Семејство во Гостивар физички нападнато во сопствениот стан

Четириесет и шестгодишен гостиварец пријавил дека вчеравечер околу 22 часот и 30 минути, додека со семејството бил во неговиот стан на улица „Панче Поповски“ во Гостивар, физички биле нападнати од 6 машки и 2 женски лица од Гостивар, соопшти СВР Тетово. Пријавените, најпрво почнале да удираат на прозорците, а потоа со употреба на дрвени предмети стапови ја отвориле влезната врата и ги нападнале него и членовите на семејството( сопруга, син, ќерка, снаа), како и еден роднина кој бил со нив, нанесувајќи им телесни повреди и загрозувајќи ја нивната сигурност. Причина за тоа биле претходни недоразбирања помеѓу пријавителот. и еден од учесници во нападот. Нешто подоцна, поради учество во насилството лишени од слобода се две лица на воздраст од 28 и 47 години , а во Полициската станица Гостивар биле повикани и уште 4 други лица. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Завчеравечер околу 22 часот, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во базната станица на мобилен оператор во тетовско Седларево. Како што соопшти СВР Тетово, откако насилно го отвориле објектот во кој бил сместен генераторот и резервоарот за гориво, правејќи отвор во металниот дел на објектот, одзеле 950 литри нафта и акумулатор, противправно стекнувајќи се со имотна корист која се проценува на 50 илајди денари, додека причинетата штета се проценува на 30 илјади денари.Извршен е увид, се расветлуваат сите поединости поврзани со оваа кражба и се работи на откривање на сторителите.



Наташа Петровска


 
     


 
 
26.07.2017 - Денес православните верници го чествуваат празникот Собор на Свети Архангел Гаврил

25.07.2017 - Две семејства од Челопек се жалат што општинските власти се уште не ги приклучиле нивните домови во фекалната канализација и водоводната мрежа

25.07.2017 - Утре православните верници ќе го прослават празникот посветен на Светито Архангел Гаврил

24.07.2017 - Одбележана 16-годишнината од убиството и киднапирањето на неколкумина жители на Непроштено, во конфликтот во 2001 година

23.07.2017 - Во Лешок одбелжана 16 годишнината од смртта на Ѓоко Лазаревски

22.07.2017 - Полошкиот регион прв во земјава по површините со пченка и компир

21.07.2017 - Попова Шапка во лето е посетена само од странски туристи

21.07.2017 - Апел на СВР Тетово за почитување на сообраќајните правила

21.07.2017 - Полицијата открила 18 илегалци во тетовско

20.07.2017 - Во тек е меѓународна ликовна колонија на Попова Шапка

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.