13.07.2017 - Повредени пешаци во тетовско



Вчера околу 16 часот, на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Требош и Палатица, во центарот на Требош, се случила сообраќајна несреќа во која што патничко возило „Опел корса“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 18-годишник од Тетово и удрило во осумгодишно дете (пешак) од ова село, соопшти СВР Тетово. Повреденото дете со друго возило пренесено е во тетовската клиничка болница, каде што му е укажана лекарска помош, а заради дополнителни снимања и прегледи на главата, испратено е на скопските клиники. На местото на несреќата извршен е увид, и се работи на целосно утврдување на причините и околностите за несреќата.

На кружниот тек на улиците „Маршал Тито“ и „Јане Сандански“ во Тетово, вчера околу 16 часот засега непознато возило удрило во 56-годишен пешак од Јанчиште по што возилото го напуштило местото. Како што соопшти СВР Тетово, со здобиени телесни повреди, пешакот бил пренесен во тетовската клиничка болница, укажана му е лекарска помош и пуштен е на домашно лекување. По извршениот увид се расветлуваат сите поединости поврзани со оваа сообраќајна несреќа и се работи на откривање и пронаоѓање на возачот и возилото.

Вчеравечер околу 20 часот, на улица „ЈНА“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл со непозната марка и регистарски ознаки и мотоцикл „Киваји“ со тетовски регистерки таблици, што го управувал 23 годишен тетовец, соопшти СВР Тетово. Во судриот, мотоциклистиот и сопатникот исто така, од Тетово здобиле телесни повреди, пренесени и задржани се во тетовската клиничка болница за натамошно лекување. Причина за несреќата, според првичните сознанија, е непочитување на првенство на минување.Се превземаат мерки и активности за пронаоѓање на мотоциклот-учесник во несреќата и за целосно утврдување на околностите во кои се случила истата.

Во Полошкиот регион продолжува појавата на управување со возила со истечена регистрација и без положен возачки испит. Вчера биле откриени вкупно 14 нерегистрирани возила и 12 лица кои немале возачки дозволи, појава која годинава бележи нагорна линија. Покрај ова, откриени се и четири возачи почетници и исто толку погрешно паркирани возила, прекршоци кои секојдневно се повторуваат на тетовско-гостиварското подрачје.Овие и другите вчерашни прекршоци санкционирани се со 43 прекршочни и 36 мандатни платни налози.

Наташа Петровска

 
     


 
 
20.09.2017 - Tешка кражба во автомобил

19.09.2017 - Не постои магична формула од превенција со трогија со луѓе, но клучот е во информираноста, сметаат од невладината организација Отворена Порта.

19.09.2017 - Во центарот за култура во Тетово ќе се прикажат два филма кои се дел од Францускиот филмски фестивал

19.09.2017 - Полицијата информира дека е приведено тетовец кој се барал за издржување на тригодишна затворска казна

18.09.2017 - Одбележани значајни настани од историското минато во Музејот на тетовскиот крај

18.09.2017 - Три сообраќајки со 8 повредени лица во тетовско

18.09.2017 - Викендов се одиграа редовните првенствени кола во Првата и Втората фудбалска лига

18.09.2017 - 10-тина интервенции на тетовските и гостиварските пожарникари во текот на вчедрашниот ден

17.09.2017 - Во мавровското село Беличица одбележани 72 години од трагичните настани во кои беа убиени борци од третиот тетовски партизански одред и жители на селото

16.09.2017 - Концерт во Тетово на етно составот "Езерки" од Хрватска

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.