16.07.2017 - Во Гостивар презентирани мерките за подобрување на животот на ромското население



Министерот без ресор Самка Ибраимовски, задолжен за имплементација на Стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, во Гостивар ги презентираше мерките и активностите од владината програма во насока на подобрување на животот на ромското население. Според Ибраимовски, ромското население за брзо време ќе започне да ги чувствува промените кон подобро како резултат на спроведувањето на планираното во владината програма.

Во делот на социјалната заштита беше споменето планираното зголемување на социјалната парична помош која за четиричлено семејство без приходи ќе изнесува 12 илјади денари месечно. Ибраимовски објасни дека покачувањето ќе се одвива во две фази, а ќе започне после годишната обнова на документите на корисниците, односно од наредната година.

Презентацијата на мерките за подобрување на состојбата на Ромите, во Гостивар беше првата од низата вакви настани најавени за следниот период. Караванот на Ибраимовски месецов продолжува во Кочани, Прилеп и други градови низ Македонија.



 
     


 
 
19.01.2018 - Водици во Тетово

19.01.2018 - Водици денес пригодно се чествуваше во Теарце и Раотинце

19.01.2018 - Празнување во Фалише и Сараќино

18.01.2018 - Гледаност на регионалните телевизии

18.01.2018 - Православните верници утре ќе го чествуваат празникот Богојавление Водици

18.01.2018 - Одбележан Водокрст во Тетово

17.01.2018 - Музејот на тетовскиот крај со полни раце работа оваа година

16.01.2018 - Кривично ќе одговараат неколку лица кои физички нападнале други лица, или уценувале

15.01.2018 - Вчеравечер продолжи чествувањето на Василица во Копанце

15.01.2018 - Вчеравечер во Тетовско биле случени три сообраќајни незгоди

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.