17.07.2017 - 77-годишен тетовец физички нападнат од свои роднини поради нерасчистени имотно-правни односи

77- годишен тетовец вчера пријавил дека околу 10 часот физички бил нападнат од роднината и неговата сопругата и синот, откако стигнал во куќата, лоцирана на улица „Железничка“ во Тетово, каде поседувал дел од истата. Кога влегол во подрумот, пријавениот со сопругата и синот се нафрлиле на него, го собориле на бетонската подлгога и почнале да го удираат со клоци и тупаници, а од сопругата на роднината бил удрен со непознат предмет по грбот и загубил свест. Кога се освестил, тројцата пријавени-учесници во физичкиот напад, продолжиле да го навредуваат и да му се закануваат поради нерасчистени имотно-правни односи. Со видливи повреди, тетовецот се упатил во тетовската клиничка болница да му се укаже лекарска помош. Се работи на целосното расчистување на сите поединости поврзани со овој случај, а трите посочени лица во текот на денов ќе бидат повикани во Полициската станица Тетово.

Ноќеска, пак, десетина минути по полноќ, 57-годишна тетовка пријавила дека враќајќи се дома, пред зградата во која живеела на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово, од зад грб и се доближило непознато лице и на дрзок начин од раката насилно и ја одзело чантата, а потоа избегало. Во чантата имала паричник, лична карта, здравствена картичка, мобилен телефон, две банкарски картички и клуч од станот. Се преземаат мерки и активности за идентификување и пронаоѓање на извршителот на кражбата.

Во полицискиот билтен и информација за сообраќајка на регионалниот пат Гостивар-Кичево, која се случила вчера околу 3 часот и 45 минути. Патничко возило „Југо“ со гостиварски регистерски таблици, загубило контрола и се превртело на коловоз. Од превртувањето, возачот и сопатникот , исто така, од Гостивар, двајцата на 25-годишна возраст, задобиле телесни повреди и со медицинско возило пренесени се во гостиварската болница. По укажаната помош, двајцата пуштени се на домашно лекување. По извршениот увид, а според првичните сознанија, причина за несреќата е неприлагодена брзина, додека материјалната штета се проценува на 60 илјади денари.




 
     


 
 
20.09.2017 - Tешка кражба во автомобил

19.09.2017 - Не постои магична формула од превенција со трогија со луѓе, но клучот е во информираноста, сметаат од невладината организација Отворена Порта.

19.09.2017 - Во центарот за култура во Тетово ќе се прикажат два филма кои се дел од Францускиот филмски фестивал

19.09.2017 - Полицијата информира дека е приведено тетовец кој се барал за издржување на тригодишна затворска казна

18.09.2017 - Одбележани значајни настани од историското минато во Музејот на тетовскиот крај

18.09.2017 - Три сообраќајки со 8 повредени лица во тетовско

18.09.2017 - Викендов се одиграа редовните првенствени кола во Првата и Втората фудбалска лига

18.09.2017 - 10-тина интервенции на тетовските и гостиварските пожарникари во текот на вчедрашниот ден

17.09.2017 - Во мавровското село Беличица одбележани 72 години од трагичните настани во кои беа убиени борци од третиот тетовски партизански одред и жители на селото

16.09.2017 - Концерт во Тетово на етно составот "Езерки" од Хрватска

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.