06.09.2017 - Финансиски најтешко се издржува месец септември




Септември е најтешкиот месец за просечниот граѓанин кој живее само од плата. Повеќето семејства се исправени пред најтешкиот предизвик во годината, како да го врзат почетокот со крајот на месецот септември. Традиционално овој месец подготвуваат зимница, а семејствата со ученици или студенти имаат трошоци врзани за почетокот на учебната година.

Без разлика на висината на потрошувачката кошница на домаќинставата претходно, за да се протурка овој месец најчесто е потребно двојно повеќе - велат тетовци.


Трошокот за годишен одмор му претходи на трошокот врзан со почетокот на учебната година и трошокот за традиционалното подготвување на зимница. На сите овие пресметки треба да се додаде и редовниот трошок за сметките за струја, вода, телефон, интернет, кабелска. Тетовци се снаоѓаат како знаат и умеат, но во едно се согласни секој троши според длабочината на џебот, а безработицата најтешко ги погодува.



Ранци, тетратки, училишен прибор и нова облека, сето во некои семејства едвај се покрива од една месечна плата, особено ако во семејството има повеќе од еден ученик, средношколец или студент. Иако учебниците се бесплатни, само за училишниот прибор можат да се потрошат и до 3000 денари. Ако на ова се додадат и парите што се трошат за купување на нова есенска облека и обувки, од најмалку 5000 денари, подготовката на учениците во септември семејствата ги чини многу повеќе.


Наташа Петровска

 
     


 
 
20.11.2017 - Пијан гостиварец украл возило и удрел со него во бандера

20.11.2017 - Спортски вести

20.11.2017 - Пожар во ноќен клуб во Жеровјане

19.11.2017 - Одбележани 73 години од ослободувањето на Тетово

19.11.2017 - Одземени 19.300 денари при разбојништво во тетовската обложувалница

18.11.2017 - 4 килограми марихуана пронајдена кај тетовец

18.11.2017 - Кој го загадува Тетово

17.11.2017 - Штуловиот универзитет прослави 16 години постоење

17.11.2017 - Изложба по повод Денот на ослободување на Тетово

17.11.2017 - Малолетник ограбил спортска обложувалница во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.