06.09.2017 - Информации од тетовската полиција

39 годишник од Тетово пријавил во полицијата дека вчера непознати сторители извршиле тешка кражба во неговиот стан на улица „Браќа Миладинови“. Откако насилно ги отвориле двете брави од влезната врата, целосно ја пребарале внатрешностана станот и од украсна кутија во детската соба одзеле 6000 денари во разни апоени, а потоа од спалната одзеле два женски рачни часовници од познати марки, со што противправно се стекнале со вкупна имотна корист од 90 илјади денари, додека причинетата материјална штета, според утврденото во увидот, се проценува на 20 илјади денари. Со одземените часовници и пари незабележани од никого, го напуштиле станот.

Дваесет и петгодишник од тетовското село Челопек, вчера во полиција пријавил злоупотреба на личните податоци на неговата сопруга.Засега непознат сторител, на една од социјалните мрежи на третти овој месец отворил лажен профил на сопругата од пријавителот и уште еден профил на друго име.Користејќи ги двата профили, тој комуницирал со нивни најблиски, пред се со сестрата на сопругата, објавувал повеќе нејзини фотографии и други содржини.

Ноќеска околу 1 часот и 30 минути, на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучката за Камењане, патничко возило „Пасат“ со хрватски регистерски таблици, управувано од 35-годишник од тетовски Пирок, налетало и удрило во куче-бездомник, кое поради необезбедениот автопат, неконтролирано се движело по коловозот.Од удирањето во животното, нема повредени во возилото во кое, покрај возачот, се превезувале и двајца сопатници од истото село на 19 и на 30 години.




 
     


 
 
20.09.2017 - Tешка кражба во автомобил

19.09.2017 - Не постои магична формула од превенција со трогија со луѓе, но клучот е во информираноста, сметаат од невладината организација Отворена Порта.

19.09.2017 - Во центарот за култура во Тетово ќе се прикажат два филма кои се дел од Францускиот филмски фестивал

19.09.2017 - Полицијата информира дека е приведено тетовец кој се барал за издржување на тригодишна затворска казна

18.09.2017 - Одбележани значајни настани од историското минато во Музејот на тетовскиот крај

18.09.2017 - Три сообраќајки со 8 повредени лица во тетовско

18.09.2017 - Викендов се одиграа редовните првенствени кола во Првата и Втората фудбалска лига

18.09.2017 - 10-тина интервенции на тетовските и гостиварските пожарникари во текот на вчедрашниот ден

17.09.2017 - Во мавровското село Беличица одбележани 72 години од трагичните настани во кои беа убиени борци од третиот тетовски партизански одред и жители на селото

16.09.2017 - Концерт во Тетово на етно составот "Езерки" од Хрватска

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.