07.09.2017 - Тешка кражба во салон за бела техника во Тетово



Тешка кражба во салон за бела техника на улицата Видоја Смилевски Бато во Тетово пријавена рано утрово околу 4 часот во полиција. Како што соопшти СВр Тетово, засега непознати сторители го скршиле изложното стакло и низ направениот отвор влегле во салонот, по што од изложниот пулт одзеле триесетина лаптопови од познати марки, а потоа со одземеното назабележани го напуштиле местото.

Вчера попладне околу 16 часот и 30 минути, на регионалниот пат Тетово-Челопек, во Брвеница, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: патничко возило „Фиат пунто“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 27-годишен тетовец и велосипед „Собим“, што го управувал 57 годишен жител на село Брвеница. Како што соопшти СВр Тетово, во несреќата, велосипедистот здобил тешки телесни повреди, со друго возило пренесен е во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување. Првично, по извршениот увид причина е неприлагодена брзина според условите на патот.

Денеска околу 3 часот по полноќ, на автопатот Тетово-Скопје, во непосредна близина на клучката за Групчин, патничко возило „Мерцедес“ со гостиварски таблици, што го управувал 30-годишен гостиварец удрило и усмртило куче-бездомник, кое поради необезбеден автопат, неконтролирано се движело по коловозот. Нема повредени во возилото, додека причинетата материјална штета се проценува на 30 илјади денари.

Вчера во Тетово и Гостивар реализирани се акциски контроли, во чие средиште биле пешаците, колку тие ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи. При тоа, во тетовската акција откриени се вкупно 10 прекршоци, најмногу поминување на „црвено светло“ ( 6 ) и надвор од обележан пешачки премин ( 4 ). Во гостиварската акција, пак, откриени и со соодветни поднесоци заокружени се вкупно 18 прекршоци, сите преминување на улица надвор од пешачки премин. Пешаците-прекршители ќе се соочат со глоба од 20 до 50 евра во денарска противвредност, зависно од видот на прекршокот и ќе бидат повикани на таканаречена сообраќајна поука.

 
     


 
 
23.05.2018 - Свечена академија во пресрет на Денот на сесловенските просветители

23.05.2018 - ОЈО Тетово поднесе обвинение против 13 лица учесници во вооружениот инцидент во Мала Речица

23.05.2018 - Викендов ќе се одржи 37-то традиционално искачување на Титов Врв

22.05.2018 - Прослава на Свети Никола - летен во Доброште

22.05.2018 - Тетово повторно под вода

22.05.2018 - 24 -годишник од Република Албанија заработи кривична пријава поради постоење основи за сторени кражби во џамија

22.05.2018 - Празникот Свети Никола летен, традиционално се празнуваше во црквата Свети Никола во Жилче

21.05.2018 - Во сообраќајни контроли евидентирани 29 алкохолизирани возачи

21.05.2018 - Случаи на грип во Гостивар и во месец мај

21.05.2018 - Од 24 до 27 мај на Попова Шапка ќе се одржи Параглајдерски натпревар Љуботен опен 2018

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.