08.09.2017 - Без организирано одбележување на Денот на независноста 8 септември во Тетово


Положување цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Тетово од страна на претставници на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ беше единственото скромно потсетување на Денот на независноста во градот. И од двете партии заедно го осудија игнорантскиот однос на градските власти, кон одбележувањето на најзначајните датуми од македонската историја.

Од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, велат дека локалната власт во Тетово со која раководи ДУИ воопшто не ги почитуваат државните празници, повредувајќи ги чуствата на населението кое живее во Тетово.

Општина Тетово не го организира чествувањето на денот на независноста, а често пати немало ниту преставник на локалната власт на одбележувањето. Од друга страна, поранешните раководства на Сојузот на борци на истото место, Споменикот на револуцијата посветен на жртвите од Втората светска војна, организираше скромно чествување на празникот со положување цвеќе и пригодни говори. За годинава од Сојузот на борци соопштија дека на седница на претседателство одлучиле да не ја преземаат обврската на локалната самоурпава и тие да се јават како организатори на пригоден настан по повод Денот на независноста.

Единствен потсетник дека е државен празник во Тетово се само неколку знамиња поставени на еден од булеварите. Речиси сите приватните трговски објекти работат, а неработен ден го користат вработените во општинската администрација и другите државни институции.

Инаку Македонија денеска одбележува 26 години од спроведување на референдумот на кој граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија. Државата се осамостои монетарно со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август.


 
     


 
 
20.09.2017 - Tешка кражба во автомобил

19.09.2017 - Не постои магична формула од превенција со трогија со луѓе, но клучот е во информираноста, сметаат од невладината организација Отворена Порта.

19.09.2017 - Во центарот за култура во Тетово ќе се прикажат два филма кои се дел од Францускиот филмски фестивал

19.09.2017 - Полицијата информира дека е приведено тетовец кој се барал за издржување на тригодишна затворска казна

18.09.2017 - Одбележани значајни настани од историското минато во Музејот на тетовскиот крај

18.09.2017 - Три сообраќајки со 8 повредени лица во тетовско

18.09.2017 - Викендов се одиграа редовните првенствени кола во Првата и Втората фудбалска лига

18.09.2017 - 10-тина интервенции на тетовските и гостиварските пожарникари во текот на вчедрашниот ден

17.09.2017 - Во мавровското село Беличица одбележани 72 години од трагичните настани во кои беа убиени борци од третиот тетовски партизански одред и жители на селото

16.09.2017 - Концерт во Тетово на етно составот "Езерки" од Хрватска

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.