09.09.2017 - По повод Денот на независноста, 8-ми Септември вчеравечер во Гостивар се одржа концерт на класична музика

По повод Денот на независноста, 8-ми Септември вчеравечер во Гостивар се одржа концерт на класична музика. Пред гостиварската публика настапи клавирското трио: Елена Дојчинова на флејта, Наташа Јованоска на виолончело и Марија Ѓошевска на пијано. Настанот под името „8-септемврски ноти“, го организираше гостиварскиот Центар за култура АСНОМ.

Во програмата од шеесетина минути беа изведени дела од светски познатите композитори: Хумел, Карл Марија фон Вебер и Фридрих Кулау. Триото го освои вниманието и симпатиите на гостиварската публика, која дојде во значителен број да го проследи концертот.

Во триото кое настапи во Гостивар членуваат успешни македонски музичарки, меѓу кои има и гостиварка, Наташа Јованоска. Таа е челист во Македонската Филхармонија и освен во нашата земја, има настапувано во Германија, Грузија и други држави. Како член на оркестарот на филхармонија редовно настапува под диригентските палки на многу светски имиња.

Дојчинова е надворешен соработник на Филхармонија, а до сега одржувала концерти во Србија, Бугарија, Чешка и др. Добитник е на повеќе награди.
Ѓошеска е еден од најистакнатите пијанисти во Македонија и е редовен професор на катедрата по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје.



 
     


 
 
20.11.2017 - Пијан гостиварец украл возило и удрел со него во бандера

20.11.2017 - Спортски вести

20.11.2017 - Пожар во ноќен клуб во Жеровјане

19.11.2017 - Одбележани 73 години од ослободувањето на Тетово

19.11.2017 - Одземени 19.300 денари при разбојништво во тетовската обложувалница

18.11.2017 - 4 килограми марихуана пронајдена кај тетовец

18.11.2017 - Кој го загадува Тетово

17.11.2017 - Штуловиот универзитет прослави 16 години постоење

17.11.2017 - Изложба по повод Денот на ослободување на Тетово

17.11.2017 - Малолетник ограбил спортска обложувалница во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.