11.09.2017 - Хуманитарна акција и дарување крв за сеќавање на 11 септември

Американско Катче Тетово, заедно со Американска Амбасада, Црвен Крст и Институтот за Трасфузиологија во Тетово организираа денес хуманитарна акција за донирање крв како и собирање храна и облека по повод 11 Септември Ден на солидираност и помош на заедницата.

Акцијата се реализираше во просториите на тетовскиот Центар за култура Иљо Антески Смок.

„Денес се одбележува 16-годишнината од терористичките напади од 11 септември. Денес Американците своето време го посветуваат на оние кои се загинаа за време на својата служба и ги тешат нивните семејства што оставија. Од 2002 година САД одржуваат спомени за оние кои ги загубија животите во службата на нивните заедници. Тоа е национален ден на солидарност и сеќавање. Ова е 9-та година откако американска амбасада овде во Македонија го одбележува Денот на сеќавањето донирање на крв, храна и облека во соработка со Црвениот крст во Македонија. Денеска, во Американските катче во Скопје, Битола, Струга, Штип и овде во Тетово ќе може луѓето од Македонија да донираат и да учествуваат на овој ден. Ова изгледа како мал придонес, но ќе направи големо влијание во вашето општество“, изјави Шалом М. Константино, координатор на програми за млади и образование-американска амбасада

Во акцијата учество зедоа голем број жители на Тетовско, пред се крводарители. Меѓу нив беа Ахмед Ќазими, раководителот на Секторот за јавн и дејности и Гзим Сулејмани координатор на Американско катче во Тетово.

Во нападите од 11 септември 2001 година терористи управувајќи четири киднапирани патнички авиони полни со гориво, се урнаа во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон. Во нападите загинаа вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати. Загинаа и 19 терористи.

Александар Самарџиев


 
     


 
 
20.11.2017 - Пијан гостиварец украл возило и удрел со него во бандера

20.11.2017 - Спортски вести

20.11.2017 - Пожар во ноќен клуб во Жеровјане

19.11.2017 - Одбележани 73 години од ослободувањето на Тетово

19.11.2017 - Одземени 19.300 денари при разбојништво во тетовската обложувалница

18.11.2017 - 4 килограми марихуана пронајдена кај тетовец

18.11.2017 - Кој го загадува Тетово

17.11.2017 - Штуловиот универзитет прослави 16 години постоење

17.11.2017 - Изложба по повод Денот на ослободување на Тетово

17.11.2017 - Малолетник ограбил спортска обложувалница во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.