12.09.2017 - Средношколка од тетовско Боговиње е тешко повредена по излегување од автобус, соопшти денес тетовската полицијата

17-годишна средношколка од Боговиње вчера околу 15 часот била донесена на Хируршкото одделение во тетовската клиничка болница откако претходно паднала од автобус во близина на бензинска пумпа во Долно Палчиште и добила тешки телесни повреди на главата.

По укажаната лекарска помош, во неконтактибилна состојба, итно е пренесена на скопските клиники. Според првичните сознанија од извршениот увид, девојчето се превезувало со автобус што го управувал 49-годишник од Теново, кој нешто подоцна самиот се јавил во Полициското одделение Камењане.

Околу 14 часот, девојчето наводно се обидело што побрзо да слезе од автобусот, зашто и испаднал мобилниот телефон и како што изјавил возачот, слегувајќи се сопнало и паднало на тротоарот.Веднаш застанало друго возило кое се движело зад автобусот, со кое било пренесено во тетовската болница, соопштува денес СВР Тетово.

Во координација со јавен обвинител се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости околу овој случај-како и зошто паднало и се повредило 17-годишното девојче од Боговиње.

Од друга страна денес СВР Тетово преку соопштение информира дека возачи на комбиња кои во Тетово вршат јавен превоз на патници, а кои најчесто се паркираат во близина на Шарена џамија, неретко тргнуваат или застануваат со отворени врати, со што ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и пред се на оние кои седат до вратата.

Ваквото нивно неодговорно однесување е спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и согласно член 171 претставува прекршок за кој е предвидена глоба од 45 евра во денарска противвредност или впишување на 25 негативни поени. Прекршок, исто така, претставува и отворање врата или прозорец на возило во движење од патник, а за што глобата изнесува 50 евра во денарска противредност, се вели во соопштението.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш им укажува на возачите кои вршат јавен превоз на патници да не седнуват зад волан без претходно положен возачки испит, редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата и особено на уредите за управување и сопирање, да не конзумираат алкохол и да се паркираат само на наменски определените места. Со тоа, во голема мерка ќе придонесат за својата и за безбедноста на патниците, кои секојдневно ги користат нивните услуги, а и за вкупната безбедност во сообраќајот. Исто така со тоа нема да се соочат со законски предвидените санкции кои, зависно од видот на прекршокот, се мошне ригорозни, посебно за управување беа возачка дозвола и техничка неисправност.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово и вчера ( 11 септември ) продолжија со засилени сообраќајно-контролни активности, чија цел беше откривање и законско санкционирање на возачи кои управуваат без положен возачки испит, нерегистрирани возила и кои не ја прилагодуваат брзината според условите на патот.

При тоа, откриени се 11 возачи без валидна дозвола, 7 нерегистрирани возила и 6 возачи-почетници, како и 5 погрешно паркирани возила.Овие прекршоци кои на тетовското подрачје речиси секојдневно се повторуваат, но и повеќето други видови вчерашни прекршоци, заокружени се со 27 прекршочни и 29 мандатни платни налози.

Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе реализира вакви или слични активности, не само на тетовските улици, туку и на околните регионални и локални патишта.



 
     


 
 
20.11.2017 - Пијан гостиварец украл возило и удрел со него во бандера

20.11.2017 - Спортски вести

20.11.2017 - Пожар во ноќен клуб во Жеровјане

19.11.2017 - Одбележани 73 години од ослободувањето на Тетово

19.11.2017 - Одземени 19.300 денари при разбојништво во тетовската обложувалница

18.11.2017 - 4 килограми марихуана пронајдена кај тетовец

18.11.2017 - Кој го загадува Тетово

17.11.2017 - Штуловиот универзитет прослави 16 години постоење

17.11.2017 - Изложба по повод Денот на ослободување на Тетово

17.11.2017 - Малолетник ограбил спортска обложувалница во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.