13.09.2017 - Апел на СВР Тетово




Со започнувањето на новата учебна година, Секторот за внатрешни работи Тетово забележително го зголеми полициското присуство околу училиштата, пред се во функција на ефикасно сообраќајно превенирање, но и за спречување и законско санкционирање на евентуални нарушувања на јавниот ред и мир, особено на таканаречените големи одмори.

Покрај тоа, зголемено полициско присуство деновиве се практикува и на автобуските постојки, на кои тргнуваат и застануваат автобуси и комбиња со кои се превезуваат ученици кон околните тетовски или гостиварски села и обратно.

Секторот за внатрешни работи Тетово посебно апелира до возачите да ја прилагодат брзината по улиците кои водат до училиштата и задолжително да им даваат предност на пешаците на обележаните премини, зашто во спротивно ќе се соочат со поднесоци и со глоба која за овој вид прекршок изнесува 300 евра во денарска противвредност.

Истото се однесува и на возилата кои вршат јавен превоз на патници, а кои неретко се паркираат на делови од тротоари во близина на училиштата, со што го попречуваат нормалното и безбедно движење на пешаците ( учениците) и ја загрозуваат нивната безбедност во сообраќајот. И тоа претставува сообраќаен прекршок за кој е предвидена глоба од 45, односно од 150 до 180 евра во денарска противвредност, зависно од тоа-каде е паркирано возилото.

До родителите на учениците,пак, се апелира да не им ги даваат возилата да ги управуваат без возачки дозволи за превезување до училиште и назад, појава која не е непозната на тетовското подрачје, бидејќи и против нив ќе следува поднесок и глоба во износ од 400 евра.

Секторот за внатрешни работи Тетово очекува дека овие апели ќе бидат добронамерно сфатени, прифатени и поддржани од сите учесници во сообраќајот, со што ќе се придонесе за поголем ред и безбедност на тетовските и гостиварските улици, но и на регионалните и локалните патишта.


Наташа Петровска


 
     


 
 
19.01.2018 - Водици во Тетово

19.01.2018 - Водици денес пригодно се чествуваше во Теарце и Раотинце

19.01.2018 - Празнување во Фалише и Сараќино

18.01.2018 - Гледаност на регионалните телевизии

18.01.2018 - Православните верници утре ќе го чествуваат празникот Богојавление Водици

18.01.2018 - Одбележан Водокрст во Тетово

17.01.2018 - Музејот на тетовскиот крај со полни раце работа оваа година

16.01.2018 - Кривично ќе одговараат неколку лица кои физички нападнале други лица, или уценувале

15.01.2018 - Вчеравечер продолжи чествувањето на Василица во Копанце

15.01.2018 - Вчеравечер во Тетовско биле случени три сообраќајни незгоди

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.