12.11.2017 - Поради движење на животни на автопат, се случиле 54 сообраќајки


Во десетте месеци од оваа година, на поширокото тетовско подрачје се случиле вкупно 54 сообраќајни несреќи предизвикани од животни, пред се од кучиња-бездомници. Како што соопшти СВр Тетово, најголемиот број од нив биле на тетовскиот дел од автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и завршиле без загинати или посериозно повредени возачи или сопатници во возилата.Но, затоа, пак, во секоја од несреќите причинета е материјална штета од 10 до 30, односно 40 илјади денари, зависно од возилото, силината на удирањето и други околности.
Најмногу од несреќите биле резултат, односно последица од неконтролирано движење на животните по коловозот, а поради негова необезбедност со соодветна ограда или на друг начин.Несреќите вообичаено се случувале во доцните вечерни или раните утрински часови, претежно во близина на клучките за Камењане, Групчин и на уште неколку други места.
Ваквите несреќи без исклучоци имале смртен исход по животните, освен во неколку во кои непосредни учесници биле коњи.
Имајќи го во вид податокот дека просечно годишно во Полог се бележат по над стотина сообраќајни несреќи со животни, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите на максимална внимателност кога се движат по автопатот, а до надлежните да превземат конкретни мерки да се спречи непреченото влегување на животните на коловозните ленти.Ова, дотолку повеќе што и натаму на повеќе места долж автопатот или воопшто ја нема или е значително оштетена заштитната жичана ограда.


Наташа Петровска

 
     


 
 
20.11.2017 - Пијан гостиварец украл возило и удрел со него во бандера

20.11.2017 - Спортски вести

20.11.2017 - Пожар во ноќен клуб во Жеровјане

19.11.2017 - Одбележани 73 години од ослободувањето на Тетово

19.11.2017 - Одземени 19.300 денари при разбојништво во тетовската обложувалница

18.11.2017 - 4 килограми марихуана пронајдена кај тетовец

18.11.2017 - Кој го загадува Тетово

17.11.2017 - Штуловиот универзитет прослави 16 години постоење

17.11.2017 - Изложба по повод Денот на ослободување на Тетово

17.11.2017 - Малолетник ограбил спортска обложувалница во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.