12.11.2017 - Во Беловиште одржана Шарпланинската Костенијада


Да се заштити костеновото дрво од болеста рак на кората, да се засадат нови површини со костен и да се спречи масовната кражба на костеновите плодови, порачаа денеска учесниците на традиционалната Шарпланинска костенијада која се одржа во тетовско Беловиште.

Велат дека само со ваквите чекори може да опстане костеновото дрво на Шарпланинскиот масив, кои се помалку го има. На манифестацијата до властите предложија неколку мерки за заштита на костенот кој носи економски бенефит а неговото стебло е значајно и за спречување на ерозивни процеси и свлечишта.


Дел од жителите од Шарпланиските села за време на сезоната, велат дека скромно заработуваат од продажбата на костените. Пласман има но костенот се помалку е присутен. Кога би се обновила костеновата шума, жителите од овој регион сметаат дека како во минатото би егзистирале од овој производ.

На Шарпланинската костенијада беа презентирани и дегустирани голем број на костенови производи, кои се поретко се застапени на македонскиот пазар.

Годинешнава Шарпланинска костенијада е седма по ред. И покрај многубројните апели упатени од оваа манифестација, институциите досега не презедоа конкретни мерки за заштита на костенот. Поради ракот на костеновото стебло, костенот во македонското законодавство е прогласено за редок вид дрво во шума

 
     


 
 
19.01.2018 - Водици во Тетово

19.01.2018 - Водици денес пригодно се чествуваше во Теарце и Раотинце

19.01.2018 - Празнување во Фалише и Сараќино

18.01.2018 - Гледаност на регионалните телевизии

18.01.2018 - Православните верници утре ќе го чествуваат празникот Богојавление Водици

18.01.2018 - Одбележан Водокрст во Тетово

17.01.2018 - Музејот на тетовскиот крај со полни раце работа оваа година

16.01.2018 - Кривично ќе одговараат неколку лица кои физички нападнале други лица, или уценувале

15.01.2018 - Вчеравечер продолжи чествувањето на Василица во Копанце

15.01.2018 - Вчеравечер во Тетовско биле случени три сообраќајни незгоди

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.