13.11.2017 - Момчиња од Тетово пријавиле дека биле нападнати од поголема група пред угостителски објект



Вчера околу 3 часот и 30 минути, во тетовската клиничка болница биле донесени три лица од Тетово на возраст од 18, 23 и 25 години со повреди што ги задобиле во тепачка, односно насилство што се случило пред угостителски објект на улиците „Радован Цониќ“ и „Иво Лола Рибар“ во Тетово , соопшти СВР Тетово. Тројцата престојувале и конзумирале алкохолни пијалаци во угостителскиот објект, а кога излегле надвор, според нивното кажување, физички биле нападнати од група од 10 до 15 лица, кои се нафрлиле на нив и почнале да ги удираат со тупаници и клоци. Од удирањето им нанеле видливи повреди, по што се обратиле за лекарска помош во тетовската болница.
Како што соопшти СВР Тетово, вчера околу 14 часот и 30 минути, во Полициската станица Тетово-Полициско одделение Жеровјане се самопријавил и задржан е 37 годишен жител на село Чегране, кој се сомничи за „убиство во обид“, кое било пријавено претходниот ден околу 15 часот и 30 минути. Осомничениот по куса расправија на нива во атарот на Неготино-Полошко со огнено оружје пукал и во десната дланка ранил 33 годишен жител на село Неготино кој ги напасувал овците, а потоа избегал. По целосното расчистување на случајот, против напаѓачот ќе следи соодветен поднесок.
Шеесет и девет годишен жител на гостиваркото село Дебреше , вчера ијавил дека засега непознати сторители помеѓу 5-ти и 12-ти овој месец се обиделе да извршат тешка кражба во црквата „Свети Ѓорѓија“, соопшти СВР Тетово. Откако го скршиле и одзеле катинарот, ја оштетиле и металната лајсна од влезната врата, но не успеале да ја отворат и да влезат внатре во објектот. Причинетата материјална штета се проценува на 4000 денари.

Наташа Петровска

 
     


 
 
12.11.2018 - Со цел да се избегне статусната разлика меѓу учениците, и основното училиште Андреа Савески Ќиќиш ги воведе училишните униформи

12.11.2018 - Саем на костени, вино и мед

12.11.2018 - Нападнат главен судија во тетовско, поради незадоволство од резултатот

12.11.2018 - Голомразица на патиштата кон Стража, Маврово и Попова Шапка

12.11.2018 - По повод Светскиот ден на борбата против дијабетесот, Здружението на дијабетичари Тетово организираше бесплатно мерење на шеќер во крвта

11.11.2018 - Пена полна со разни отпадоци

11.11.2018 - Тетово домаќин на 9-тиот Републички натпревар во табла

10.11.2018 - Црквата и општината сосема ги заборавија и кренаа раце од новите православни градски гробишта кај тетовско Фалише

10.11.2018 - Концерт насловен "Мојот пат" на маестро Ивица Зориќ

10.11.2018 - In memoriam- Илија Петровски

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.