13.11.2017 - До 1 декември земјоделците имаат рок да пријават интерес за учество во проектот Консолидација на земјоделско земјиште

Земјоделците кои се заинтересирани за учество во проектот Консолидација на земјоделско земјиште на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство имаат рок да се пријават до 1 декември. Четири нови групирања на најмалку 1 000 хектари земјиште за нивно окрупнување, се очекува да бидат реализирани во наредните 3,5 години. Според надлежните, малите земјишта се економски неисплатливи и неконкурентни на пазарот.

Планираните активности се однесуваат на решавање на проблемите на земјоделците кои имаат ситни, расфрлени парцели, додека конкретниот исход е да му се помогне на Министерството да ги направи завршните чекори во консолидацијата на земјиштето преку јакнење на капацитетите. Сепак клучните ефекти се директно насочени кон производителите, сопствениците на парцелите.

Финансиран е од ЕУ со 2,5 милиони евра, а го реализира ФАО, Организација за храна и земјоделство. Македонија има донесено Национална стратегија за консолидација на земјоделското земјиште за периодот 2012 - 2020 година, како и Закон за консолидација во 2013 година. Во рамки на МЗШВ, пак, е формиран и посебен сектор за оваа област. Воедно привршуваат двата проекта - за окрупнување на 360 хектари во Егри, Општина Битола, и на 32 хектара во Конче.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
19.01.2018 - Водици во Тетово

19.01.2018 - Водици денес пригодно се чествуваше во Теарце и Раотинце

19.01.2018 - Празнување во Фалише и Сараќино

18.01.2018 - Гледаност на регионалните телевизии

18.01.2018 - Православните верници утре ќе го чествуваат празникот Богојавление Водици

18.01.2018 - Одбележан Водокрст во Тетово

17.01.2018 - Музејот на тетовскиот крај со полни раце работа оваа година

16.01.2018 - Кривично ќе одговараат неколку лица кои физички нападнале други лица, или уценувале

15.01.2018 - Вчеравечер продолжи чествувањето на Василица во Копанце

15.01.2018 - Вчеравечер во Тетовско биле случени три сообраќајни незгоди

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.