14.11.2017 - Во Тетово се формира Институционална лига во футсал


Секторот за внатрешни работи Тетово е учесник во новоформираната тетовска Институционална лига во футсал, која стартуваше на втори овој месец. Во лигата се натпреваруваат 10 екипи од образовни институции, судови, јавни претпријатија и други установи во Тетово. Екипата на СВР Тетово ја сочинуваат 10 вработени, кои во првите две кола остварија една победа и едно реми.
Натпреварите во оваа лига се играат по бод систем, секој со секого, а по завршувањето на сите натпревари ќе бидат прогласени трите најуспешни екипи за кои ќе бидат обезбедени пригодни награди и признанија.
Инаку, покрај спортскиот карактер, оваа футсал лига има цел и поблиско запознавање на вработените од различните институции во Тетово, нивно натпреварување, запознавање, дружење и размена, односно споделување на лични и професионални искуства. Лигата годинава се организира за прв пат и најверојато ќе прерасне во традиционална.


Наташа Петровска

 
     


 
 
16.08.2018 - КУД Свети Сава од Гуча се вратија со награда за најдобра женска носија

16.08.2018 - Гром удрел во патничко возило во Копанце

16.08.2018 - Лица со посебни потреби од Тетово, и понатаму се соочуваат со бирократски процедури но и инфраструктурни пречки.

15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.