09.01.2018 - 25-годишен гостиварец пријавил закани по живот од страна на непознато лице

Ноќеска во 2 часот 25-годишен гостиварец во полиција пријавил дека вчеравечер околу 23 часот и 30 минути додека со своето возило „БМВ“, во кое се наоѓала и неговата сопруга, бил паркиран покрај патот Тумчевиште-Чегране, наеднаш до нив застанало друго возило „БМВ“. Од возилото излегло непознато лице, му се заканило по живот, од двајцата сопружници побарало да излезат од возилото, извадило пиштол, испукало еден куршум во воздух, а потоа со неговото возило набрзина се оддалечило кон Чегране. Се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на пријавеното и за откривање на инволвираните во овој случај.

Во текот на вчерашниот ден регистрирани и две сообраќајни незгоди. Околу 15 часот, на крстосницата на улиците „Димо Гавровски-Кара“ и „ЈНА“ во Тетово во сообраќајка учествувале две патнички возила: „Тико“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 36-годишник од Бродец и „Фолсфаген пасат“ со босански таблици, што го управувала 32-годишна жителка на Долно Палчиште. Возачот на „Тикото“ и 11-годишен сопатник од истото возило задобиле телесни повреди, со друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница, укажана им е помош и пуштени се на домашно лекување. Според првичните сознанија од извршениот увид, причина за несреќата е непочитување првенство, додека материјалната штета се проценува на 40 илјади денари.

3 и пол часа подоцна на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово се случила сообраќајна незгода со учество на патничко возило „Форд ескорд“ со тетовски таблици, управувано од 26-годишник од Неготино-Полошко и двајца пешаци од Мала Речица на возраст од 21 и 24 години. Со задобиени телесни повреди, двајцата пешаци пренесени се од возачот во тетовската болница, укажана им е лекарска помош и пуштени се дома. Причина за несреќата, првично, е непропуштање пешаци на пешачки премин.


 
     


 
 
22.10.2018 - Славчо Марковски-Чаве по 30 години ја препушта позицијата тренер на кошаркарскиот клуб Тетекс

22.10.2018 - Над 20 % од вкупниот број контролирани возачи во полошко не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

22.10.2018 - Промена на временските прилики, ќе биде студено и ветровито

22.10.2018 - Црна хроника во Гостивар

21.10.2018 - И во Тетово поместена возрасната граница за појава на рак на дојка

20.10.2018 - Меѓународен карате турнир "Тетово опен 2018"

20.10.2018 - Showroom за декоративни материјали во Дараком достапна за тетовци

20.10.2018 - Горат полошките ниви

20.10.2018 - Проект на СВР Тетово "Безбедни училишта - за меѓуетнички соживот и толеранција"

20.10.2018 - Полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.