08.01.2018 - Акциски контроли за пронаоѓање на илегални работнички по локалите во полошко




Во периодот од 23.50 часот вчера до ноќеска 01.25 часот по полноќ полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на улица ,,Коле Неделкоски“ во Тетово, сопственост на 36 годишен тетовец , соопшти МВР. За време на контролата во објектот биле затекнати четири државјанки на Република Албанија на возраст од 24, 27и 30 години и една државјанка на Република Македонија како ги забавуваат гостите. Странските државјанки биле приведени поради злоупотреба на туристичкиот престој, биле задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.
Како што соопшти МВР ноќеска во периодот од 02.30 до 03.00 часот по полноќ, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект во гостиварското село Равен, , сопственост на гоостиварец. За време на контролата во објектот биле затекнати две странски државјанки и пет државјанки на Република Македонија како ги забавуваат гостите. Сите лица биле приведени во полициска станица, 21 годишната државјанка на Република Албанија и 27 годишната државјанка на Република Србија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Гостивар, 49 годишен гостиварец пријавил дека истиот ден околу 09.00 часот, неговата 15-годишна ќерка излегла од дома за да оди во продавница и не се вратила , соопшти МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Наташа Петровска

 
     


 
 
25.04.2018 - Во плафон пукал пијан жител на Брвеница

25.04.2018 - Над шеесетина најразлични видови прекршоци на тетовското подрачје бележи СВР Тетово евидентирани само во текот на вчерашниот ден

25.04.2018 - За две години тројца тетовци оболеле од маларија, еден починал

25.04.2018 - Улиците во Тетово во катастрофална состојба

25.04.2018 - Општините во Полог со заедничка стратегија ќе се справуваат со пополавите

25.04.2018 - Советот на Општина Тетово ќе ја одржи петта седница

24.04.2018 - Денес започнаа градежните работи за рехабилитација на државниот пат, делница Јегуновце -Пршовце

24.04.2018 - Пикник на градскиот плоштад

24.04.2018 - Саем на кариера на Штуловиот универзитет

24.04.2018 - Полициски билтен на СВР Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.