10.01.2018 - 24-годишник од Глоѓи пријавил дека неговата 13-годишна сестра исчезнала

24-годишник од тетовското село Глоѓи, вчера пријавил дека утрото околу 7 часот во непозната насока од дома се оддалечила неговата 13-годишна сестра и не се вратила назад, информира СВР Тетово. Се преземаат мерки и активности за расветлување на пријавеното и пронаоѓање на малолетничката.

Полицискиот билтен информира и за откриена дива сеча на дрвја. Вработен во Шумското стопанство „Шар“ во Гостивар, вчера пријавил дека засега непознати сторители во атарот на селото Дуф, на површина од 500 метри квадратни, пресекле 38 дабови стебла, високи 14 метри со пречник од 15 сантиметри, а при тоа оштетиле и електричен кабел, сопственост на ХЕЦ „Маврово“. На местото пронајдени се 2 метри кубни дрва.
Билтенот на СВР бележи сообраќајна незгода случена на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „ 29 ноември “ во Тетово, со учество на две патнички возила со тетовски регистерски таблици: „Мерцедес“ управуван од 58-годишник од Џепчиште и „БМВ Х5“, што го управувал 34-годишен тетовец. Во незгодата, двајца сопатници од „БМВ-ето“, машко и женско лице, задобиле телесни повреди, пренесени се во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштени се на домашно лекување.

На регионалниот пат Тетово-Волковија, пак, на мостот во Стенче, вчеравечер околу 19 часот и 30 минути, патничко возило „Мерцедес“ со скопски таблици, управувано од 26-годишник од Чегране, загубило контрола, излетало од коловоз и удрило во заштитната ограда. Притоа возачот задобил телесни повреди и по укажаната лекарска помош, пуштен е дома. Причина за несреќата, првично, е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 80 илјади денари.

Необезбден коловоз е причина за сообраќајната незгода случена на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на Неготинската клучка, вчера околу 17 часот, при што патничко возило „БМВ“ со тетовски таблици, што го управувал 43-годишник од Мала Речица, удрило и усмртило куче-бездомник, кое неконтролирано се движело по коловозот. Нема повредени лица во возилото, додека вкупната материјална штета се проценува на 50 илјади денари.

Следната сообраќајка за која информира полицискиот билтен на СВР Тетово е случена вчеравечер околу 21 часот, на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, во која учествувале: патничко возило „Форд“ со гостиварски таблици, управувано од 69-годишен гостиварец и 26-годишен пешак од Падалиште. Со задобиени телесни повреди, со истото возило, пешакот пренесен е во гостиварската болница и по укажаната помош, пуштен е дома. Причина за несреќата, според првичните сознанија од увидот, е непропуштање на пешакот на пешачки премин.


 
     


 
 
22.10.2018 - Славчо Марковски-Чаве по 30 години ја препушта позицијата тренер на кошаркарскиот клуб Тетекс

22.10.2018 - Над 20 % од вкупниот број контролирани возачи во полошко не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

22.10.2018 - Промена на временските прилики, ќе биде студено и ветровито

22.10.2018 - Црна хроника во Гостивар

21.10.2018 - И во Тетово поместена возрасната граница за појава на рак на дојка

20.10.2018 - Меѓународен карате турнир "Тетово опен 2018"

20.10.2018 - Showroom за декоративни материјали во Дараком достапна за тетовци

20.10.2018 - Горат полошките ниви

20.10.2018 - Проект на СВР Тетово "Безбедни училишта - за меѓуетнички соживот и толеранција"

20.10.2018 - Полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.