11.01.2018 - Во полошко лани писмено биле опоменати 7 илјади учесници во сообраќајот


Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, минатата ( 2017 ) година, покрај акциските и други контроли, реализирале и повеќе превентивно-едукативни активности за поголем ред и безбедност во сообраќајот со различни категории учесници ( возачи, пешаци, мотоциклисти и велосипедисти ).

Во Тетово и Тетовско биле изготвени 3868 писмени опомени, на 13 сообраќајни поуки биле повикани 180 лица, на 178 возачи времено им се одземени возачките дозволи, а на 1990 впишани им се нагативни бодови.

На гостиварското подрачје, лани на сообраќајни поуки биле повикани 119 учесници, 3055 биле само опоменати, а на 142 лица времено им се одземени возачките дозволи.Покрај ова, 948 возачи се одлучиле за впишување негативни бодови.
Вакви активности планирани се и годинава, со цел да се придонесе за подигнување на сообраќајната свест и култура, пред се на возачите, но и на пешаците.Зашто, на поширокото полошко подрачје и минатата година значителен беше бројот на возачите кои често не ја прилагодувале брзината според условите на патот, редовно не ја проверувале техничката исправност на возилата или управувале возила без положен возачки испит и со истечена регистрација.

Не мал број пешаци, пак, и во 2017-та година продолжиле невнимателно да се однесуваат во сообраќајот, поради што многумина од нив непосредно учествувале и во сообраќајни несреќи со сериозни последици, односно со загинати, тешко и телесно повредени лица.
Во вчерашните сообраќајно-контролни активности, реализирани од полициски службеници на СВР Тетово на тетовското подрачје, откриени се 6 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит, 3 возачи-почетници, 2 возила со истечена регистрација и 6 погрешно паркирани возила.

Овие и другите прекршоци биле санкционирани со 20 прекршочни и 22 мандатни платни налози.


Наташа Петровска


 
     


 
 
19.01.2018 - Водици во Тетово

19.01.2018 - Водици денес пригодно се чествуваше во Теарце и Раотинце

19.01.2018 - Празнување во Фалише и Сараќино

18.01.2018 - Гледаност на регионалните телевизии

18.01.2018 - Православните верници утре ќе го чествуваат празникот Богојавление Водици

18.01.2018 - Одбележан Водокрст во Тетово

17.01.2018 - Музејот на тетовскиот крај со полни раце работа оваа година

16.01.2018 - Кривично ќе одговараат неколку лица кои физички нападнале други лица, или уценувале

15.01.2018 - Вчеравечер продолжи чествувањето на Василица во Копанце

15.01.2018 - Вчеравечер во Тетовско биле случени три сообраќајни незгоди

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.