11.01.2018 - Приведени танчарки во полициска акција во Горно Седларце


Вчеравечер од 23 часот до 30 минути по полноќ, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, спровеле акциска контрола во угостителски објект сопственост на 48-годишен тетовец, соопшти СВР Тетово. При контролата, во објектот лоциран на регионалниот пат Тетово-Гостивар, во Горно Седларце, затекнати се 7 женски лица, танчерки,, кои ги забавувале присутните гости, од кои 2 албански државјанки, на возраст од 47 и 23 години и 5 македонски државјанки од Скопје, Струга, Велес и Тетово, на возраст од 30 до 41 година. Поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, албанските државјанки приведени се во Полициската станица Тетово и задржани за натамошна постапка, додека по завршениот разговор со нив, македонските државјанки се пуштени. По целосното расчистување на сите поединости околу престојот и работата на двете албански државјанки, ќе се соочат со соодветен поднесок и ќе бидат депортирани во нивната матична земја.

Како што соопшти СВР Тетово, на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучката за Жеровјане, вчера околу 7 часот, патничко возило „Фиат стило“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од 34 годишен жител на село Беловиште, удрило и усмртило куче-бедомник, кое поради необезбедениот автопат, неконтролирано се движело по коловоз. Од удирањето во животното, нема повредени лица во возилото, додека причинатата материјална штета се проценува на 10 илјади денари.
Денеска околу 1 часот и 30 минути по полноќ, 50-годишен татко од гостиварската населба Фазанерија, пријавил дека неговата 15-годишна ќерка, еден час пред тоа, се оддалечила од дома во непозната насока, соопшти СВР Тетово. Малолетничката на 7-ми овој месец, исто така, беше пријавена како исчезната, а на 9-ти беше пронајдена, односно се самопријавила во Полициската станица Гостивар, по што му беше предадена на нејзиниот татко.



Наташа Петровска

 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.