11.01.2018 - Во сабота се пречекува Православна Нова Година а во недела денот посветен на Свети Василиј Велики

Православните христијани кои се водат по Јулијанскиот календар во сабота ќе ја пречекаат Православна Нова Година. По тој повод, бдение ќе се служИ во соборниот храм Свети Кирил и Методиј Тетово со почеток во 22 часот. Наредниот ден, Обрезание Господово, ќе биде отслужена утрена со литургија на Свети Василиј Велики аќе биде одржан новогодишен молбен во сите цркви.

И оваа година жителите на населеното место Копанце ќе останат верни на својата долгогодишна традиција на чествување на големиот православен празник Василица. Маскирани жителите од ова село со музика тргаат од домот на годинешниот кум, кој е задолжен за организирање на настанот а предводени од невестата и младоженецот. Василичарите ги посетуваат сите домови каде домаќинките ги пречекуваат со топла ракија, тетовско гравче и и храна од нашево поднебје.

Дочек на Православна Нова Година, со музика во живо, песни и ора ќе биде организиран и во угостителските објекти во Тетово и Тетовско. Во ресторанот Антонио во Јегуновце гостите ќе ги забавува групата Џубокси, а во Манастирскиот ресторан во Лешок - Деко бенд.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
25.04.2018 - Во плафон пукал пијан жител на Брвеница

25.04.2018 - Над шеесетина најразлични видови прекршоци на тетовското подрачје бележи СВР Тетово евидентирани само во текот на вчерашниот ден

25.04.2018 - За две години тројца тетовци оболеле од маларија, еден починал

25.04.2018 - Улиците во Тетово во катастрофална состојба

25.04.2018 - Општините во Полог со заедничка стратегија ќе се справуваат со пополавите

25.04.2018 - Советот на Општина Тетово ќе ја одржи петта седница

24.04.2018 - Денес започнаа градежните работи за рехабилитација на државниот пат, делница Јегуновце -Пршовце

24.04.2018 - Пикник на градскиот плоштад

24.04.2018 - Саем на кариера на Штуловиот универзитет

24.04.2018 - Полициски билтен на СВР Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.