12.01.2018 - Татко пријавил 25 годишник дека го уценувал неговиот малолетен син
Вчеравечер околу 22 часот и 20 минути, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на крстосницата со локалниот пат за Џепчиште, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: патничко возило „Голф“ со тетовски таблици, управувано од 39 годишен жител на село Џепчиште и 56 годишна жена, пешак, исто така, од Џепчиште , соопшти СВР Тетово. Со задобиени тешки телесни повреди, жената пренесена е во тетовската клиничка болница, укажата и е лекарска помош и префрлена е на скопските клиники, од каде по извесно време пуштена е дома. Извршен е увид и се утврдува причина за несреќата, околностите во кои се случила и се друго.
Триесет и осумгодишен жител на тетовското село Боговиње, вчеравечер околу 20 часот пријавил уцена над неговиот 12-годишен син од 25 годишен жител на ова село. Пријавениот околу 19 часот и 40 минути влегол во неговиот маркет и на малолетникот му побарал пари, наводно за да не му кажел на татко му што правел. Малолетникот му дал 3680 денари и потоа го известил таткото, објаснувајќи му при тоа дека истото во неколку наврати се случувало од септември минатата година наваму и дека на тој начин пријавеното лице му зело околу 30 илјади денари. Нешто подоцна, уценувачот лишен е од слобода и по целосното расчистување на сите поединости ќе се соочи со поднесок.
Вчера околу 15 часот и 50 минути, во гостиварската насела Дутлок била пронајдена 15-годишната малолетничка од Фазанерија, која претходната ноќ, половина час по полноќ, од нејзиниот татко беше пријавена за оддалечена, односно исчезната. По пронаоѓањето, предадена им е на родителите.
Наташа Петровска
|
|