11.02.2018 - Исхраната во тетовските градинки

Исхраната е од големо значење за правилниот развој на децата, особено во првите години од нивниот живот, кога се стекнуваат и основните навики. А бидејќи еден дел од денот поголем дел од децата го поминуваат во градинка, токму здравата исхрана е важна и таму. Од многу дечиња ќе чуете дека во градинка започнале да конзумираат многу јадења кои предходно можеби и не ги сакале. Ќе ве изненадат одговорите дека омилено јадење им е гравот, компир манџа и слично, но и дека многу сакаат да јадат овошје и зеленчук.

Во главната кујна на детската градинка Младост во Тетово се подготвуваат најразлични оброци. Секако при креирањето на менито се внимава на нормативите кои се зададени во однос на исхраната на децата. На дечињата им се сервира дорчек, ручек и ужини, приготвени со здрави намирници.

Важен момент за време на престојот во градинка е и осамостојувањето на децата, односно создавањето навики да јадат сами.

Главната готвачка во детската градинка Младост, Шефие Мурати, ова професија со задоволство ја работи веќе 13 години. Таа секој ден, заедно со нејзините помошници, подготвува вкусни оброци за децата во големи количини. Често сака да ги изненади и со омилените палачинки, мекици или намаз од туна.

Во главната кујна во објектот Тетекс се подготвува храна за сите објекти на градинката во Тетово, која потоа се транспортира во соодветни садови до нив.

Данијела Билбилоска

 
     


 
 
16.08.2018 - КУД Свети Сава од Гуча се вратија со награда за најдобра женска носија

16.08.2018 - Гром удрел во патничко возило во Копанце

16.08.2018 - Лица со посебни потреби од Тетово, и понатаму се соочуваат со бирократски процедури но и инфраструктурни пречки.

15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.