13.02.2018 - Пронајдена марихуана при преглед на возило во Гостивар

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, вчеравечер околу 22 часот и 15 минути, на улица „Никола Тесла“ во Гостивар запреле патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од 22-годишен гостиварец, а во кое се наоѓале и 21-годишник од Долна Бањица и 23-годишник од Гостивар. При преглед на возилото, зад совозачкото седиште пронајдена е непозната тревлива материја, додека 23-годишниот гостиварец им се спротивставувал на полициските службеници, одбивал да влезе во службеното возило, се обидел да избега и му ја скинал кошулата на еден од полициските службеници, нанесувајќи му и повреда на прст од дланката. Тројцата се приведени и задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосното расчистување на случајот ќе се соочат со содоветен поднесок, информираат од СВР тетово.

Четириесет и шестгодишна жителка на тетовска Мала Речица, вчера пријавила дека на 10-ти овој месец околу 15 часот и 30 минути нејзиниот 24-годишен син се оддалечил од дома и не се вратил назад. Пријавениот со себе ја имал патната исправа, а поседувал и италијански документи. Веднаш по пријавувањето, распишана е потрага по лицето.

Близу 70 различни видови прекршоци вчера се откриени во засилените тетовски сообраќајни контроли за поголем ред и безбедност на градските улици и околните регионални и локални патишта. Покрај неприлагодена брзина на движење и непрописно престигнување, констатирани се и 14 прекршоци кои се однесуваат на погрешно паркирање, 6 прекршоци направени од возачи-почетници, 3 од возачи кои управувале без положен возачки испит и 2 нерегистрирани возила. Откриените прекршоци заокружени се со 41 мандатен и 12 прекршочни платни налози.

 
     


 
 
22.10.2018 - Славчо Марковски-Чаве по 30 години ја препушта позицијата тренер на кошаркарскиот клуб Тетекс

22.10.2018 - Над 20 % од вкупниот број контролирани возачи во полошко не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

22.10.2018 - Промена на временските прилики, ќе биде студено и ветровито

22.10.2018 - Црна хроника во Гостивар

21.10.2018 - И во Тетово поместена возрасната граница за појава на рак на дојка

20.10.2018 - Меѓународен карате турнир "Тетово опен 2018"

20.10.2018 - Showroom за декоративни материјали во Дараком достапна за тетовци

20.10.2018 - Горат полошките ниви

20.10.2018 - Проект на СВР Тетово "Безбедни училишта - за меѓуетнички соживот и толеранција"

20.10.2018 - Полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.