14.02.2018 - Во интернет кафе во Милетино полицијата одзела 3 покер апарати, на кои нелегално се приредувале игри на среќа

По претходни сознанија за нелегално приредување игри на среќа, вчеравечер од 21 до 23 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид во интернет кафе во тетовското село Милетино, сопственост на 51-годишник од ова село. При увидот, во локалот се пронајдени и со потврда се одземени 3 покер апарати, на кои нелегално се приредувале игри на среќа. По целосното расветлување на сите поединости, ќе следува соодветен поднесок.

Во полицискиот билтен на СВР Тетово регистрирана и кражба во кафуле во Тетово, која се случила во периодот помеѓу 5-ти и 13-ти овој месец. Засега непознати сторители онасилно ја отстраниле најлонската церада од терасата, влегле во внатрешноста на објектот и одзеле лаптоп и два телевизори, кои биле поставени на сидовите, по што незабележани заминале. Извршен е увид и се преземаат мерки и активности за расветлување на пријавеното и откривање на сторителите, кои противправно се стекнале со имотна корист која се проценува на 42 илјади денари.

25-годишник од тетовско Ново Село, пак, вчеравечер пријавил дека околу 19 часот, пред еден познат тетовски маркет, физички бил нападнат од три непознати лица. Едниот од нив со метален боксирач го удрил по лицето, а другите двајца продолжиле да го удираат со тупаници и клоци по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Набрзо потоа, тројцата се оддалечиле во непозната насока. Се работи на идентификување и пронаоѓање на сторителите.







 
     


 
 
16.08.2018 - КУД Свети Сава од Гуча се вратија со награда за најдобра женска носија

16.08.2018 - Гром удрел во патничко возило во Копанце

16.08.2018 - Лица со посебни потреби од Тетово, и понатаму се соочуваат со бирократски процедури но и инфраструктурни пречки.

15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.