13.02.2018 - Слаб одзив на тетовки на поканата за бесплатен пап тест




Програмата за рано откривање на ракот на грлото на матката минатата година најмал одзив имала во Тетово. Само 11.1% од поканетите жени на возраст од 46 до 60 години се јавиле да направат бесплатен пап тест. Како што објави Институтот за јавно здравје на својата интернет страна, од 3.513 жени кои примиле покана, само 390 се јавиле на преглед кај матичниот гинеколог.

Бројот на реализирани скрининзи е помал дури и од оној лани, кога 18.8% од поканетите жени се јавиле да направат бесплатен пап тест.

Покрај Тетово и во Гостивар Програмата за рано откривање на ракот на грлото на матката минатата година бележи поразителен одзив. Ако во Тетово 89% од жените на возраст од 46 до 60 години не го посетиле матичниот гинеколог, во Гостивар 61.7% не се јавиле на поканата. Процентот пак, на жени на возраст од 36 до 45 години од Гостивар кои уредно биле поканети, а не се јавиле да направат пап тест е највисок во земјава и изнесува 43%.

Понатаму како што објави Институтот за јавно здравје невообичаено е што од 490 те анализирани брисеви во тетовската патолошка лабораторија не се откриени никакви клеточнинормалности, односно незначителен број аабнормалностии кај 1.172 анализирани брисеви во Гостивар, Со оглед на високиот процент на откриени клеточни абнормалности на национално ниво од 11.9, Институтот смета потребно е да се организираат состаноци во двете болници за разгледување на добиените податоци.

Во 2016 година во истата лабораторија откриен е еден случај на на карцином на грлото на матката кај тетовчанка која припаѓала на возрасната група од 36 до 45. Понатаму податоците покажуваат дека кај 12.6 % од земените пап брисеви во 2016 година се откриени клеточни абнормалности.

Инаку на национално ниво со програмата за рана детекција и спречување на ракот на грлото на матката во 2017 година во Македонија биле опфатени 34.613 жени, а на преглед не се јавиле и покрај уредно примената покана 43,5% , што претставува зголемување во однос на 2016 година кога овој процент изнесувал 29,7.



Наташа Петровска

 
     


 
 
22.10.2018 - Славчо Марковски-Чаве по 30 години ја препушта позицијата тренер на кошаркарскиот клуб Тетекс

22.10.2018 - Над 20 % од вкупниот број контролирани возачи во полошко не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

22.10.2018 - Промена на временските прилики, ќе биде студено и ветровито

22.10.2018 - Црна хроника во Гостивар

21.10.2018 - И во Тетово поместена возрасната граница за појава на рак на дојка

20.10.2018 - Меѓународен карате турнир "Тетово опен 2018"

20.10.2018 - Showroom за декоративни материјали во Дараком достапна за тетовци

20.10.2018 - Горат полошките ниви

20.10.2018 - Проект на СВР Тетово "Безбедни училишта - за меѓуетнички соживот и толеранција"

20.10.2018 - Полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.