14.02.2018 - Нови злучаи на злоупотреби на социјалните мрежи





Минатата и оваа година, на тетовско-гостиварското подрачје забележителен е бројот на злоупотребите на лични податоци, особено на оние преку социјалните мрежи - „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
Во Секторот за внатрешни работи Тетово, лани бил пријавен, односно регистриран 21 случај на вакви злоупотреби, а годинава, заклучно со денес - три случаи.
Претежно станува збор за злоупотребување на лични податоци и фотографии, кои претходно биле споделени со други лица, кои потоа сторителите ги објавиле или се заканиле дека ќе ги објават на социјалните мрежи доколку не им се исплатат парични средства или не им се исполнат други барања и услуги.
Најчести жртви на злоупотребите од овој вид се женски лица, во најголем број млади, по што биле уценувани или на друг начин биле оштетени од разно-разните закани по честа и угледот.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно им укажува на корисниците на социјални мрежи да бидат максимално внимателни кога воспоставуваат контакти и е-пријателства со непознати, зашто голема е можноста да бидат злоупотребени и вовлечени во непријатни ситуации со негативни последици по нивнатата личност и по нивните семејства или најблиски.
Ова, посебно се однесува на малолетниците, кои најмалку внимаваат на можните последици, со напомена дека злоупотребата на лични податоци е кривично дело за кое е предвидена парична или казна затвор до една година. Ако злоупотребата, пак, е направена од службено лице, затворската казна се движи од три месеци до три години.


Наташа Петровска


 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.