13.02.2018 - Апел од СВР Тетово до навивачите на Шкендија и Вардар


Пред утрешниот првенствен фудбалски натпревар помеѓу прволигашите Шкендија од Тетово и Вардар од Скопје, Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до навивачките групи на двете екипи, коректно и докрај спортски да ги бодрат своите миленици, без груби навреди и вулгарни скандирања на меѓуетничка и друга основа и да се воздржат од предизвикување и учество во индиценти.
Секторот за внатрешни работи Тетово им укажува на навивачите пред, во текот и по завршувањето на натпреварот да се однесуваат дисциплирано и одговорно, да не наседнуваат на провокации и да не причинуват насилство, за да не им наштетат на своите омилени клубови.
Навивачите кои поединечно или групно ќе предизвикаат или ќе бидат директни учесници во инциденти, ќе бидат соодветно пријавени и ќе се соочат со законски импликации. Секторот за внатрешни работи Тетово ги превзема сите неопходни мерки и активности за безбедно одигрување на овој фудбалски натпревар, како и за другите во првенството и очекува организаторите и навивачите да покажат висок степен на одговорност, спортска свест и култура.

Наташа Петровска


 
     


 
 
22.10.2018 - Славчо Марковски-Чаве по 30 години ја препушта позицијата тренер на кошаркарскиот клуб Тетекс

22.10.2018 - Над 20 % од вкупниот број контролирани возачи во полошко не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

22.10.2018 - Промена на временските прилики, ќе биде студено и ветровито

22.10.2018 - Црна хроника во Гостивар

21.10.2018 - И во Тетово поместена возрасната граница за појава на рак на дојка

20.10.2018 - Меѓународен карате турнир "Тетово опен 2018"

20.10.2018 - Showroom за декоративни материјали во Дараком достапна за тетовци

20.10.2018 - Горат полошките ниви

20.10.2018 - Проект на СВР Тетово "Безбедни училишта - за меѓуетнички соживот и толеранција"

20.10.2018 - Полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.