14.02.2018 - Даријан Сотировски од Тетово е новиот директор на Комисијата за односи на верски заедници и религиозни групи

Претседателот на СДММ - Тетово, Даријан Сотировски, на вчерашната седница на Владата е именуван за директор на Комисијата за односи на верски заедници и религиозни групи.

Сотировски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Постдипломските студии ги продолжува на истиот факултет и се стекнува со звање магистер по право од областа на граѓанското право, а магистрира со среден успех 9.5, со одбрана на магистерската дисертација на тема: „Наталната политика и демографскиот развој во Република Македонија“. По завршувањето на постдипломските студии положува и правосуден испит.

Своето неформално образование го стекнува преку активно учество на повеќе семинари, обуки и конференции од областа на граѓанското право, мултикултурализмот, демократијата и сл. Успешно ја завршува Регионалната политичка академија за социјалдемократски партии во 2015 година во Сараево, Босна и Херцеговина, каде го издава и трудот на тема „Фацторизатион оф Ѕоутх Организатионс“.

Ја извршува функцијата претседател на ЛК на СДММ во Тетово. Член е на Претседателството на Основната организација на Сојузот на борци од НОБ, чии придобивки и вредности со особен пиетет ги афирмира. Активен учесник во целокупното општествено одговорно живеење во градот Тетово и Полошкиот регион.

Како правен советник дава значаен придонес во процесот на денационализација на црковниот недвижен имот во Тетово и тетовско.

По негово залагање веќе неколку години се обнови традицијата да се искажува почит кон ликот и делото на преродбеникот Кирил Пејчиновиќ, игумен на Лешочкиот манастир, на денот на неговиот помен, како во Тетово така и во с. Лешок.

Силно верува во перспективите за нашето општество кои ги отвараат мултиконфесионализмот и мултикултурализмот, доколку продуцираат меѓусебна доверба, соработка и компромис.

Од 2013 година работи како адвокатски приправник во адвокатска канцеларија.

Покрај македонскиот зборува и англиски јазик.


 
     


 
 
23.05.2018 - ОЈО Тетово поднесе обвинение против 13 лица учесници во вооружениот инцидент во Мала Речица

23.05.2018 - Викендов ќе се одржи 37-то традиционално искачување на Титов Врв

22.05.2018 - Прослава на Свети Никола - летен во Доброште

22.05.2018 - Тетово повторно под вода

22.05.2018 - 24 -годишник од Република Албанија заработи кривична пријава поради постоење основи за сторени кражби во џамија

22.05.2018 - Празникот Свети Никола летен, традиционално се празнуваше во црквата Свети Никола во Жилче

21.05.2018 - Во сообраќајни контроли евидентирани 29 алкохолизирани возачи

21.05.2018 - Случаи на грип во Гостивар и во месец мај

21.05.2018 - Од 24 до 27 мај на Попова Шапка ќе се одржи Параглајдерски натпревар Љуботен опен 2018

21.05.2018 - Седма година по ред, полни се трибините на игралиштето во населеното место Јанчиште по повод Меморијалниот ноќен турнир во мал фудбал Бобе Јуниор

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.