14.02.2018 - Денес го празнуваме заштитникот на лозјата, Свети Трифун

Со црковно-народен собир празникот се прослави во населеното место Челопек, каде симболично беа закроени лозовите гранчиња во дворот на црквата Света Богородица.

Православните христијани денес го чествуваат празникот посветен на Свети Трифун, заштитникот на лозјата и градините од штети и несреќи. Чествувањето на Свети Трифун започна утрово со свети богослужби во црквите и манастирите во тетовско и осветување на водата, а продолжи со стариот многу - вековен обичај на закројување на лозовите насади.

И жителите на тетовското село Челопек и останаа верни на традицијата. Утрово се собраа во црквата Света Богородица за да запалат свеќи и да се помолат за здравје и спасение. Чинот на водосвет и режење на кумските колачи, како и осветувањето на пченицата, го изврши отец Ненад Ѓорѓески, по што симболично беа закроени лозовите гранчиња во дворот на црквата.

За прославата на празникот Свети Трифун во село Челопек кумството е на доброволна основа. Секоја година се пријавуваат кумови од редот на постојаните жителите или на исселените жители кои се грижат за традицијата да не згасне иако последните години се поретко се одгледуваат лозови насади во Челопек.
Чествувањето на празникот Свети Трифун во село Челопек продолжи за заедничка братско-сестринска трпеза на љубовта приредена од годинешните кумови.


Соња Стрезовски





 
     


 
 
16.08.2018 - КУД Свети Сава од Гуча се вратија со награда за најдобра женска носија

16.08.2018 - Гром удрел во патничко возило во Копанце

16.08.2018 - Лица со посебни потреби од Тетово, и понатаму се соочуваат со бирократски процедури но и инфраструктурни пречки.

15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.