11.06.2018 - Тешки филмски кражби на маркети во Тетово


Изминативе неколку дена полицискиот билтен има регистрирано тешки филмски кражби на маркети во Тетово, каде се користело и огнено оружје, а ограбени биле и случајни муштерии кои купувале во еден од маркетите. Полицискиот билтен регистрира физички напад врз вработен во подрачната едница на Министерството за земјоделие во Тетово.


Во маркет во Тетово лоциран на булеварот Индустриска во саботата непознати лица маскирани извршиле разбојништо користејќи пиштоли и со закана кон вработениот ги одзеле парите од дневниот промет, околу 32.146 денари. Од пријавителот одзеле мобилен телефон и на три лица од Тетово кои биле во маркетот по извршено пребарување им одзеле два мобилните телефони и 2.200 денари по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Ден претходно разбојници ограбиле уште еден маркет во Тетово, лоциран на улица 109 . Околу 10 часот непознато лице кое дошло со скутер и вооружено со автоматска пушка одзело возило на Агенција за обезбедување. Двајца вработени во Агенцијата носеле парични средства за потреби на маркети. Притоа откако едниот од нив влегол во продавница на улицата “109“, во истиот момент напаѓачот прво го удрил совозачот другиот вработен кој го остранил од возилото, и потоа го стратувал возило и се упатил во непознат правец. По преземени мерки возилото било пронајдено на улицата „Видое Смилески-Бато“, а од извршениот преглед на возилото констатирано било дека била одземена една торба во која имало пари од прометот кој претходно бил собран. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Полицискиот билтен бележи и напад на вработен во подрачната единица на Министерствотот за земјоделие во Тетово.Додека вработениот извршувал работни задачи, непознато лице незадоволен од неговата работа започнало расправија со него. По кратко време лицето повторно се вратило и со остар предмет на вработениот му нанел убодна рана во пределот на десната подлактица. Повредениот сам се упатил во Клиничката болница во Тетово каде повредата му била санирана. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот

СВР Тетово има регистрирано уште еден физички напад овој пат во гостиварско Сенокосе. Бил нападнат 21 годишен жител од ова село. Тој додека седел во близина на основното училиште, дошле три лица од истото село и физички го нападнале. Тие го удирале со тупаници и клоци по главата и телото, по што тој паднал во безсознание. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
     


 
 
22.10.2018 - Славчо Марковски-Чаве по 30 години ја препушта позицијата тренер на кошаркарскиот клуб Тетекс

22.10.2018 - Над 20 % од вкупниот број контролирани возачи во полошко не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

22.10.2018 - Промена на временските прилики, ќе биде студено и ветровито

22.10.2018 - Црна хроника во Гостивар

21.10.2018 - И во Тетово поместена возрасната граница за појава на рак на дојка

20.10.2018 - Меѓународен карате турнир "Тетово опен 2018"

20.10.2018 - Showroom за декоративни материјали во Дараком достапна за тетовци

20.10.2018 - Горат полошките ниви

20.10.2018 - Проект на СВР Тетово "Безбедни училишта - за меѓуетнички соживот и толеранција"

20.10.2018 - Полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.