11.06.2018 - Населението се повеќе има проблеми со телесната тежина






Ако временските прилики беа оправдување на поголемиот број на граѓани за останувањето во домовите и лежење пред телевизорите, сега со затоплувањето на времето веќе нема причина зошто повеќе време да не поминеме на отворено во спорт и рекреација. Летото е идеален период да се доведе телесната тежина на нормала, повеќе физичка активност, повеќе течности и помалку калорична храна.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје на Република Македонија, во последниве години значително е зголемен бројот на граѓани со прекумерна телесна тежина, а особено бројот на дебели деца.



Како последица на лошата исхрана и слабата физичка активност, смртноста кај Македонците од кардиоваскуларни болести е високи 60 отсто. Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје е наведено дека во 2016 година, во споредба со 2010 година, телесната тежина кај машките деца е зголемена за 1 процент, односно ако пред 8 години 19. 5 % од момчињата биле дебели, пред две години 20.5% од момчињата биле дебели. Кај девојчињата ако пред 8 години 11% биле гојазни, тој процент до пред две години пораснал за уште два проценти.



Летно време во Македонија е релативно лесно да се јаде здраво, бидејќи има многу поголеми избори на овошје и на зеленчук, на интегрални жита. Месните преработки како чајни, салами, шунки, треба да се избегнуваат, особено во лето и исхраната да се базира на растителна храна, советуваат од Институтот за јавно здравје.


Наташа Петровска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.