12.06.2018 - Ревијална мототрка во Тетово како превенција од диви улични трки во летниот период



Одделни домаќинства во Тетово секоја година во летниот период искусуваат вознемирување од звуците на брзо возење на мотори и автомобили по градските улици. Неретко се сомневаат дека се одржуваат диви трки на млади моторциклисти желни за возбуда.

СВР Тетово постојано апелира до возачите на автомобили и на мотори, особено кога во родниот град доаѓаат исселениците во странство, да се воздржат од нагло стартување на возилата и од правање на егзибиции со цел привлекување на внимание.

Познатиот моторџија Горан Хаџииљоски Чајка кој има 37 годишно активно искуство во возење мотор предлага организирање на ревијална мототрка во Тетово која ќе биде издувен вентил за младите моторциклисти. Според него мотоспортот кој не значи само трка на мотори е прилично запоставен и потценет во регионов.



Министерството за внатрешни работи информира дека Секторот за внатрешни работи Скопје токму ноќеска спровел засилена контролна акција за спречување на диви трки по скопските улици. Според нивното соопштение за сторени сообраќајни прекршоци од Законите за безбедност на патниот сообраќај и Законот за возила,издадени биле 45 мандатни платни налози и 67 прекршочни платни налози, додека еден мотоцикл е задржан заради постоење сомнение дека се вградени одделни системи, составни делови,самостојни технички единици и опрема што се разликуваат од основно вградените издувни системи.

Наташа Петровска

 
     


 
 
20.06.2018 - Тетовската полиција затекнала две лица кои се приведени поради сомневање за нелегална сеча на дрва

20.06.2018 - Тетовските пожарникари подготвени да се справат со предизвиците кои ги наметнува летниот период

19.06.2018 - Приведен дваесет и тригодишник од Порој, кој претходно бил баран со потерница

19.06.2018 - Од денес во Тетово се одржува седмото издание на филмскиот фестивал "Вач аут"

18.06.2018 - In memoriam Почина проф. д-р Вулнет Палоши

18.06.2018 - Денес е првиот ден од првиот уписен рок во средните училишта

18.06.2018 - Двајца моторциклисти од Словенија повредени во сообраќајка кај Кичево

18.06.2018 - Брвеница вчера беше домаќин на Вторите Фолклорни смотри Брвеница игра и пее 2018

17.06.2018 - Сообраќајна несреќа со едно повредено лице

16.06.2018 - Три девојки од Македонија ќе учествуваат на Изборот на косовска девојка, што ќе се одржи на 26 јуни во Грачаница

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.