12.06.2018 - Полициски билтен




Вчера во 14 часот и 5 минути, од страна на полициски службеници од полицискатѕа станица за безбедност во патниот сообрќај Тетово, на булеварот “Маршал Тито” било забележано, непрописно паркирано возило на кружен тек со булеварот “Благоја Тоска”, соопшти СВР Тетово. При обид да се превземат мерки за сторениот сообраќаен прекршок, 31 годишен скопјанец совозач во патничкоте моторно возило “Крајслер” реагирал со погрдни зборови кон полициските службеници, во еден момент физички го нападнал удирајќи ги во делот на градите и се обидел да се врати назад во возилото. Истиот веднаш е приведен во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Ноќта помеѓу 11 И 12 јуни во времето од 23 и 40 минути до 00 и 45 минути, по претходно издадена судска наредба, од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Тетово, Полициска станица Гостивар и полициско одделение Галате, извршен е претрес во угостителски објект и помошните простории на објектот, сопственост на 49 годишен жител на гостиварско село Неготино. Во угостителскиот објект, биле затекнати лицата: женски лица, кои работеле како пејачки и танчарки, а од нив 3 биле од Македонија, а 3 од Република Албанија со регулиран престој во Гостивар.

Како што соопшти СВР Тетово, при претресот позади шанкот биле пронајдени 9 најлонски кесички со остатоци од непозната прашкаста материја, и една росфрај чинија со видливи траги од наведената материја, што дава основи на сомнение дека во истата просторија се користеле опојни дроги.

Предметите се уредно подигнати од лице место, од страна на крим техника, а со потврда се одземени за вештачење и понатамочна постапка.

Наташа Петровска

 
     


 
 
20.06.2018 - Тетовската полиција затекнала две лица кои се приведени поради сомневање за нелегална сеча на дрва

20.06.2018 - Тетовските пожарникари подготвени да се справат со предизвиците кои ги наметнува летниот период

19.06.2018 - Приведен дваесет и тригодишник од Порој, кој претходно бил баран со потерница

19.06.2018 - Од денес во Тетово се одржува седмото издание на филмскиот фестивал "Вач аут"

18.06.2018 - In memoriam Почина проф. д-р Вулнет Палоши

18.06.2018 - Денес е првиот ден од првиот уписен рок во средните училишта

18.06.2018 - Двајца моторциклисти од Словенија повредени во сообраќајка кај Кичево

18.06.2018 - Брвеница вчера беше домаќин на Вторите Фолклорни смотри Брвеница игра и пее 2018

17.06.2018 - Сообраќајна несреќа со едно повредено лице

16.06.2018 - Три девојки од Македонија ќе учествуваат на Изборот на косовска девојка, што ќе се одржи на 26 јуни во Грачаница

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.