13.06.2018 - 70-годишна тетовска се затрула со солна киселина

Полициски службеници од СВР Тетово вчера вечер во Тетово од слобода лишиле три лица од Република Албанија поради сомнение за инволвираност во кривични дела од областа на имотни деликти и нерегулиран престој во Република Македонија. Приведени и задржани биле лицата на возраст од 20, 25 и 22 години, двајца од Либржд и еден од Корча. По неколку часа едниот од нив бил пуштен додека другите биле задржани за понатамошна постапка.

Од СВР Тетово информираат и дека на 9 јуни во попладневните часови од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив била донесена 70-годишна тетовка која била затруена од солна киселина. Таа беднаш била пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. На 12.06.2018 година, по овластување на истражен судија од Основно јавно обвинителство Тетово, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во болница завршил и 22-годишник од Дебреше кој бил физички нападнат. Вчера тој пријавил дека иститот ден околу 15.50 часот, додека седел на клупа во паркот во близина на пешачкиот мост, физички бил нападнат од шест непознати лица, при што паднал на земја во безсознание. Со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Општа болница ,,Ферид Мурат“ во Гостивар каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


 
     


 
 
20.06.2018 - Тетовската полиција затекнала две лица кои се приведени поради сомневање за нелегална сеча на дрва

20.06.2018 - Тетовските пожарникари подготвени да се справат со предизвиците кои ги наметнува летниот период

19.06.2018 - Приведен дваесет и тригодишник од Порој, кој претходно бил баран со потерница

19.06.2018 - Од денес во Тетово се одржува седмото издание на филмскиот фестивал "Вач аут"

18.06.2018 - In memoriam Почина проф. д-р Вулнет Палоши

18.06.2018 - Денес е првиот ден од првиот уписен рок во средните училишта

18.06.2018 - Двајца моторциклисти од Словенија повредени во сообраќајка кај Кичево

18.06.2018 - Брвеница вчера беше домаќин на Вторите Фолклорни смотри Брвеница игра и пее 2018

17.06.2018 - Сообраќајна несреќа со едно повредено лице

16.06.2018 - Три девојки од Македонија ќе учествуваат на Изборот на косовска девојка, што ќе се одржи на 26 јуни во Грачаница

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.