13.06.2018 - Седница на Совет на општина Тетово

Две седници по ред, тетовските советници го одложуваат прогласувањето на нови еднонасочни улици во Тетово со образложение дека не се извршени консултации со сите засегнати и надлежни органи. За кои улици станува збор, ниту советниците немаат добиени потребни информации. Претседателот на комисијата за комунални дејности, Александар Велјановски побара повлекување на точката од дневниот ред на денешната 7 -ма седница поради консултации со МВР.

Од денешниот дневен ред беше изземено и гласањето на членови на младинскиот совет откако се јавија несогласување за партиската припадост на предложените членови. Советничката од Беса, Хатије Етеми реагираше дека нема застапеност на претставници на сите политички партии во Советот на млади, на што зеде збор градоначалничката Теута Арифи која рече дека ова тело не е партиско туку дека е создадено да ги решава проблемите на младите во Тетово. Етеми тогаш рече дека треба да се предложат нови кандидати бидејќи очигледно е дека сега предложените се политички активни.

На денешната седница едногласно беше усвоена одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општините Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше, Јегуновце, Боговиње и Желино. Соработката како што образложи градоначалничката Арифи е во делот на заштитата од елементарни непогоди, посебно од поплави и во делот на складирањето на сметот во регионалната депонија Русино.

Пред советниците денес се најдоа иголем број точки од дневниот ред кои се однесуваа на убанистички прашања. Од практична причина ги поделина во две групи и ги гласаа заедно предлог одлуките за измени на урбанистичко планска докуметација и предлог одлуките за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанисточко планската докуметација.

Вршителот на должноста шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Џеф Голдстајн ја искористи денешната седница да им додели благодарници на тетовските советници за учество во работилница во Охрид и рече дека е многу важно да се овозможи непречено присуство на седниците на Советот на заинтересирани граѓани, невладини здруженија и други засегнати страни.

Тетовските советници денес договорија уште една седница за одржување на почетокот на јули пред годишните одмори, а после тоа повторно да се сретнат на крајот на август.


Наташа Петровска


 
     


 
 
22.10.2018 - Славчо Марковски-Чаве по 30 години ја препушта позицијата тренер на кошаркарскиот клуб Тетекс

22.10.2018 - Над 20 % од вкупниот број контролирани возачи во полошко не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

22.10.2018 - Промена на временските прилики, ќе биде студено и ветровито

22.10.2018 - Црна хроника во Гостивар

21.10.2018 - И во Тетово поместена возрасната граница за појава на рак на дојка

20.10.2018 - Меѓународен карате турнир "Тетово опен 2018"

20.10.2018 - Showroom за декоративни материјали во Дараком достапна за тетовци

20.10.2018 - Горат полошките ниви

20.10.2018 - Проект на СВР Тетово "Безбедни училишта - за меѓуетнички соживот и толеранција"

20.10.2018 - Полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.