14.06.2018 - Во сабота и недела ќе се одржува "ТЕХО"





Тетово викендов ќе живее во духот на православната музика. По 27 пат ќе се одржи хорскиот фестивал "Тетовски хорски одзиви", на кој ќе настапат голем број домашни и странски хорови. Свеченото отворање е на 16 ти, сабота во 19.30 часот во соборниот храм" Свети Кирил и Методиј".



На вториот фестивалски ден, во недела ќе биде организирана промоција на книга посветена на македонското црковно пеење. Почнувајќи од 12 часот часот во духовно културниот центар "Кирил Пејчиновиќ" во Лешок, љубителите на хорската муика ќе уживаат во настапот на голем број домашни хорови.



Во октомври во духовно културниот центар "Кирил Пејчиновиќ" во Лешок ќе се одржи меѓународна конференција "Имплементација на хорската музика во образовниот систем на Балканот". Учесници ќе бидат претставници на балканскиот хорски форум од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово и Црна Гора.



Фестивалот "Тетовски хорски одзиви" за прв пат се одржа во 1973 година. Во 1997 година доби меѓународен карактер, а во 2012 година во рамки на фестивалот се одржа и меѓународниот форски фестивал на Православна духовна музика.


Наташа Петровска

 
     


 
 
16.08.2018 - КУД Свети Сава од Гуча се вратија со награда за најдобра женска носија

16.08.2018 - Гром удрел во патничко возило во Копанце

16.08.2018 - Лица со посебни потреби од Тетово, и понатаму се соочуваат со бирократски процедури но и инфраструктурни пречки.

15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.