14.06.2018 - Во билтенот на случувања регистриран во тетовската полиција се бележи семејно насилство во Тетово

39 годишна жена од Тетово вчера во 21 часот пријавила семејно насилство кое го извршил нејзиниот сопруг, исто на 39 години. Петнаесетина минути претходно тој дошол во алкохолизирана состојба и почнал да крши се во куќата. Во еден момент и физички ја нападнал. Подоцна, тој сам се пријавил во Полициска станица Тетово каде бил задржан за расчистување на случајот.

Во Гостивар вчера околу 11.30 часот на ул.„ЈНА“ во куќа сопственост на 42 годишник при извршување на решение од страна на извршителка, при попис на предмети во куќата биле пронајдени два пиштоли. Едниот е марка „ЦЗ“ калибар 9мм со рамка без куршуми и „Екол Волга“ калибар 9мм со рамка без куршуми и еден куршум калибар 9мм. За пронајденото оружје, 42 годишникот не поседувал дозвола. Со потврда за привремено одземени предмети оружјето било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.























 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.