18.06.2018 - Брвеница вчера беше домаќин на Вторите Фолклорни смотри Брвеница игра и пее 2018

Со дефиле на сите учесници низ улиците и центарот на Брвеница, вчера започна манифестацијата Фолклорни смотри Брвеница игра и пее 2018. Второто издание организаторите КУД Брвеница го реализираат по едногодишна пауза, овојпат со убав повод, 15-годишниот јубилеј на друштвото. Фолклорните смотри за отворени ги прогласи претседателот на Сојузот на фолклорните анасамбли на РМ Антонијо Димитровски, кој истакна дека фолклорот треба да се негува и нашата земја најдобро го прави тоа.

Љубителите на народните песни и ора имаа можност да уживаат во заедничкиот концерт на повеќе културно-уметнички друшта од земјава во дворот на ОУ Коста Рацин. Освен домаќините со свои кореографии и песни се претставија куд : Младост од Кичево, Шарски води од Тетово, Браќа Ѓиновски од Гостивар, Извор од Јегуновце, Јахи Хасани од Чегране, Бранко Чајка од Тетово и фолклорниот ансамбал Китка Ореовица.

Организаторите КУД Брвеница се надеваат дека манифестациајата Фолклорни смотри Брвеница игра и пее ќе стане традиционална со учество на многу повеќе фолклорни друштва.

Гостите задоволни од учеството на овогодинешното издание на Фолклорните смотри во Брвеница.

Учесниците на манифестацијата се потрудија да се претсавата со најубавите ора и песни, а многубројната публика не штедеше на громогласни аплаузи.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.