20.06.2018 - Тетовските пожарникари подготвени да се справат со предизвиците кои ги наметнува летниот период

Во пресрет на најтоплите летни месеци, јули и август, тетовските пожарникари со активности со цел превенција од пожари. Преку средби со градоначалниците на 5-те рурални општини во тетовско и со претставници на месни заедници детектирани се местата каде најчесто се појавуваат пожари, дадени се насоки наменети за сите жители за поголема внимателност во летниот период.

Пожарникарите подготвени за да се справат со предизвиците кои ги наметнува летниот период, со опремата којашто ја имаат. Располагаат со доволен број противпожарни возила и работна сила, но недостасува дополнителна опрема, особено во случај на пожари во висококатници.

Високите температури коишто се прогнозираат за ова лето ја зголемуваат опасноста од појава на пожари. На поголема внимателност апелираат од Територијалната противпожарна единица од Тетово.

Тетовските пожарникари од почетокот на годинава досега интервенирале 219 пати. За жал покрај направената материјална штета во пожарите, во јануари имаше и 5 човечки жртви.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
21.09.2018 - Православните верници денес го чествуваат Рождеството на Пресвета Богородица

21.09.2018 - Советот на општина Гостивар денес ја одржа својата седма седница

21.09.2018 - Тројца малолетници во тетовската полиција пријавиле напад од други врсници

21.09.2018 - Годишнина од стрелањето на Младен Симоски и Андреа Христовски

21.09.2018 - Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, вчера ги посети селата Теарце и Вратница

20.09.2018 - Во Тетово се отвори невролошка-специјалистичка амбуланта на др. Данијела Војтикив Самоиловска

20.09.2018 - Дараком во пресрет на одбележување на својот 25 годишен јубилеј отвори нов продажен салон

20.09.2018 - Сообраќајна на две возила и една незгода поради бездомно куче, евидентира тетовската полиција

20.09.2018 - За две недели приведени 70 лица поради дрога

19.09.2018 - Утрово воздухот во Тетово мирисаше на чад

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.