11.07.2018 - 292 нарушувања на јавниот ред и мир за шест месеци случени на подрачјето на СВР Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ги расчисти најголемиот број од 292-те нарушувања на јавниот ред и мир ( ТЕ- 152 и ГВ-140), случени на ова подрачје во првите шест месеци од годинава. Изготвени и против 350-те сторители( ТЕ-166 и ГВ-184 ) инволвирани во прекршоците, поднесени се вкупно 245 барања за поведување прекршочна постапка ( ТЕ-113 и ГВ-132 ).

Речиси половина од прекршоците во изминатите шест месеци-107 биле физички напади ( ТЕ-40 и ГВ-67 ), а регистрирани се и тепачки-35 ( ТЕ-24 и ГВ-11 ), карање, викање и непристојно однесување-23 ( ТЕ-7 и ГВ-16 ), навредување и омаловажување на овластено службено лице -16 ( ТЕ-5 и ГВ-11 ) и друго.

Во овој период пријавени се и 11 нарушувања на јавниот ред и мир во и околу училиштата ( ТЕ-4 и ГВ-7 ), како и 6 на спортски натпревари ( ТЕ-5 и ГВ-1 ), но и 24 прекршоци по Законот за јавна чистота.

Инаку, најголемиот број од сторителите се машки лица, а најчести места на случување се улицата и угостителските објекти.

Даниела Билбилоска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.