11.07.2018 - Доколку Советот на општина Гостивар до крајот на месецов не го усвои локалниот скциски план за Ромите, ќе пропаднат три милиони денари наменети инвестиции во ромските населби во Гостивар

Грант од три милиони денари, наменет за инвестиции во ромски наслеби во Гостивар ќе пропадне, доколку до крајот на месецов не се усвои Локалниот Акциски план за Ромите, алармираат граѓани и невладиниот сектор.

На последната седница на Советот на општина Гостивар, Акцискиот план беше повлечен од дневен ред од страна на советникот Кашмир Салиу, со образложение дека истиот треба да се дополни.

Од хуманитарното здружение „Месечина“ реагираат дека тоа бил нелогичен чекор и дека самиот советник што предложил повлекување, учествувал во креирањето на акциониот план. Направена е огромна штета врз ромската популација, потенцираат тие и го повикаа Советот да ја поправи грешката.

Мухамед Точи, претседател на „Месечина“нагласи дека усвојувањето и самото спроведување на Локалниот Акционен план е обврска на општината, а невладиниот сектор има улога да помага и придонесува во неговото остварување.




 
     


 
 
21.09.2018 - Православните верници денес го чествуваат Рождеството на Пресвета Богородица

21.09.2018 - Советот на општина Гостивар денес ја одржа својата седма седница

21.09.2018 - Тројца малолетници во тетовската полиција пријавиле напад од други врсници

21.09.2018 - Годишнина од стрелањето на Младен Симоски и Андреа Христовски

21.09.2018 - Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, вчера ги посети селата Теарце и Вратница

20.09.2018 - Во Тетово се отвори невролошка-специјалистичка амбуланта на др. Данијела Војтикив Самоиловска

20.09.2018 - Дараком во пресрет на одбележување на својот 25 годишен јубилеј отвори нов продажен салон

20.09.2018 - Сообраќајна на две возила и една незгода поради бездомно куче, евидентира тетовската полиција

20.09.2018 - За две недели приведени 70 лица поради дрога

19.09.2018 - Утрово воздухот во Тетово мирисаше на чад

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.