12.07.2018 - СВР Тетово со информација за двајца тетовци нападнати од шест непознати лица

По полицијата регистриран случај на физички напад врз двајца тетовци на возраст од 30 и 24 години. Според податоците од СВР Тетово тие пријавиле дека половина час пред полноќ додека со возило „Цитроен“ се движеле по улица „ЈНА“ во Тетово, во еден момент запреле за да поминат 6 непознати лица. По кусата вербална расправија со нив, двајцата тетовци физички биле нападнати, при што повеќе пати биле удрени со тупаници и клоци, а едниот од нив задобил повреди на главата и укажана му е лекарска помош во тетовската клиничка болница. Се работи на целосно рачистување на случајот и на идентификување и пронаоѓање на напаѓачите.

Во полицискиот билтен на СВР Тетово иформација и за нелегална сеча на дрва. Во периодот помеѓу 6-ти и 10-ти јули, засега непознати сторители во атарот на гостиварското село Горна Ѓоновица, во месноста „Запоѓе“, без одобрение пресекле 54 дабови и 19 букови стебла со вкупна дрвна маса од 10 метри кубни. Поголемиот број од пресечените стебла биле однесени, додека на местото пронајдени се и подигнати околу 2 метри кубни. Се утврдува вкупната материјална штета и се работи на откривање на сторителите.

Од МВР, пак, информираат дека вчера во с.Брвеница–тетовско со наредба од Судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во стан и други простории кај 52-годишник, при што биле пронајдени: еден пиштол марка „Зброевка“ со калибар 7,65 мм и еден сандак од муниција во кој имало пет мини и две рачни бомби. Известен е јавен обвинител. По завршување на претресот лицето е лишено од слобода.



 
     


 
 
21.09.2018 - Православните верници денес го чествуваат Рождеството на Пресвета Богородица

21.09.2018 - Советот на општина Гостивар денес ја одржа својата седма седница

21.09.2018 - Тројца малолетници во тетовската полиција пријавиле напад од други врсници

21.09.2018 - Годишнина од стрелањето на Младен Симоски и Андреа Христовски

21.09.2018 - Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, вчера ги посети селата Теарце и Вратница

20.09.2018 - Во Тетово се отвори невролошка-специјалистичка амбуланта на др. Данијела Војтикив Самоиловска

20.09.2018 - Дараком во пресрет на одбележување на својот 25 годишен јубилеј отвори нов продажен салон

20.09.2018 - Сообраќајна на две возила и една незгода поради бездомно куче, евидентира тетовската полиција

20.09.2018 - За две недели приведени 70 лица поради дрога

19.09.2018 - Утрово воздухот во Тетово мирисаше на чад

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.