12.07.2018 - По шести пат ќе се организира Тетовско културно лето
Концерти за деца и млади, театарски претстави но и разни атрактивни спортови. Ова ќе бидат дел од содржините на шестото издание на тетовското културно лето.
-Концертите вообичаено ќе бидат организирани на градскиот плоштад, улицата ЈНА или таканаречената улица со чадорите како и во Жена парк. Освен концертите и театарските претстави годинава ќе има и повеќе спортски активности како бокс, фудбалски нартпревар на жени фудбалерки, кампување во планина, дефиле на мотори низ градските улици и слично истакна уметничкиот директор Јетон Пустина.
Оваа недела во организација на иницијативата Прв до врв од Скопје ќе бидат организирани планинско трчање како и друмски и планински велосипедизам од Тетово до Попова Шапка, рече Александар Георгиевски од инцијативата Прв до врв.
Тетовско културно лето ќе трае до 3 –ти август
|
|