16.08.2018 - Лица со посебни потреби од Тетово, и понатаму се соочуваат со бирократски процедури но и инфраструктурни пречки.


Лица со посебни потреби и понатаму се соочуваат со бирократски процедури но и инфраструктурни пречки во градот, кои дополнителни им го отежнуваат животот. Велат дека стравуваат за своите животи додека се движат по тротоарите кои се зафатени од возила, а нивната егзистенција често се доведува во прашање поради игнорантскиот однос кои надлежните кон нив.

Садик Рамадан од Џепчиште, деновиве попусто се обидува да добие одговор зошто му е намалена постојаната помош ,а за неговата сопруга за која тврди дека Министерството за труд и социјална политика одобрило туѓа нега, Центарот за социјални работи вели не пушта пари. Истакна дека и тие пари што ги земал не му биле доволни за да опстане со сопругата, сега со намалената помош ќе нема доволно ни за лекови.

Додава дека сега му е комплицирана состојбата и околу подигање на средствата од социјалната помош. Вели дека сега мора парите да ги зема секој месец само од поштата во тетовско Џепчиште, а не како порано во сите банки и пошти.

Од Центарот за Социјални работи Тетово, и рекоа дека не може две лица во едно семејство да земаат туѓа нега. Оттаму истакнаа дека сега процедурата е таква, мора парите да се подигаат на местото на живеење на социјалниот случај, преку негов личен регистарски број. Сметаат дека така е полесно за оваа категорија граѓани, но и се намалуваат злоупотребите со нивните пари. Негираат дека нивната служба одбивала да му ги даде овие одговори на Садик.

Садик Рамадан освен бирократските и егзистенцијалните, неговиот живот го отежнуваат и инфраструктурните проблеми во градот, каде со неговата инвалидска количка не може слободно да се движи. Сите тротоари се зафатени претежно со возила. За проблемот се обратил до надлежните ама бадијала.

За да стигне до одредено место од градот мора да се движи по улица, каде пред некое време го удрило автомобил. За среќа не се здобил со сериозни повреди, но неговото специјално возило на три тркала завршило во отпад.

Голем дел од социјалните случаи и лицата со посебни потреби слично како Садик Рамадан се соочуваат бирократски процедури, а инфраструктурата во градот е во очајна состојба, и на лицата со инвалидитет им создава големи тешкотии.

Од Министерството за труд и и социјална политика, велат дека центрите немаат доволно кадри пред се стручни, и затоа не можат да им обезбедат доволно помош и внимание на социјалните случаи. Посочуваат дека низ цела држава ќе вработат социјални работници, со цел надминување на проблемот. Во меѓувреме општината и покрај очајната состојба во инфраструктурата не презема и не најавува некои мерки, со кои на лицата со посебни потреби би им се овозможило полесен пристап и движење низ градот.

 
     


 
 
12.11.2018 - Со цел да се избегне статусната разлика меѓу учениците, и основното училиште Андреа Савески Ќиќиш ги воведе училишните униформи

12.11.2018 - Саем на костени, вино и мед

12.11.2018 - Нападнат главен судија во тетовско, поради незадоволство од резултатот

12.11.2018 - Голомразица на патиштата кон Стража, Маврово и Попова Шапка

12.11.2018 - По повод Светскиот ден на борбата против дијабетесот, Здружението на дијабетичари Тетово организираше бесплатно мерење на шеќер во крвта

11.11.2018 - Пена полна со разни отпадоци

11.11.2018 - Тетово домаќин на 9-тиот Републички натпревар во табла

10.11.2018 - Црквата и општината сосема ги заборавија и кренаа раце од новите православни градски гробишта кај тетовско Фалише

10.11.2018 - Концерт насловен "Мојот пат" на маестро Ивица Зориќ

10.11.2018 - In memoriam- Илија Петровски

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.